• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Александар Самарџиски13:18 13 февруари 2018 ● Прочитано 3912

Несреќата со двајцата планинари кои загинаа искачувајќи го Кајмакчалан, покрај изразите на сочувство и неверување на социјалните мрежи, зема и друга димензија. Се појавија згрозувачки и навредливи коментари, исполнети со говор на омраза, постирани од профили со име и презиме, но и од такви, сокриени зад слогани и пароли, како што е случај со прифлот „ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ“.

Дали надлежните можат да го запрат ваквиот говор на социјалните мрежи, дали некој ќе одговара треба да покаже увидот на Обвинителството.

- Објавите се следат, истите ќе се анализираат. Ако Обвинителството утврди дека постојат елементи на кривично дело за кое се гони по службена должност, ќе реагира – велат од Јавното обвинителство.

Како дошло до несреќата во која младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски ги загубија животите, пак, одговорот треба да го дадат грчките служби. Тоа во моментов не е во надлежност на македонските органи, но кога ќе пристигнат информациите од Грција, тие ќе ги разгледаат и ќе се одлучи дали и што ќе се преземе.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Според Раша тудеј, Меркел денеска се сретнала со Иванов (ВИДЕО)

И покрај тоа што поминаа неколку часа од завршувањето на прес конференцијата, во насловот сѐ уште стои дека Меркел се сретнала со Иванов.

Индекс за перцепција на корупција: Македонија најлошо рангирана од Западен Балкан

Најдобро рангирана земја во светот е Нов Зеланд, следена од Данска и Финска, а перцепцијата за корупција е најголема во Сомалија.

Заев за Дојче Веле: 2018. може да биде историска година за Македонија

Членството во НАТО и датумот за преговори со ЕУ ќе значат живот за Македонија, рече премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле.

СЛОБОДЕН УДАР Кул е друг да одговора

Министерката, за тоа што го прикривала, вчера одговараше на суд, кривично. Тоа што министерот не прикрива не е доволно за да не одговара правично.

Штајнмаер: Решение на спорот со Грција ќе даде позитивен импулс за целиот регион

Германските компании што основаа свои фабрики во Република Македонија, отворија речиси 20 илјади работни места.

НАЈЧИТАНИ