• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:21 13 февруари 2018 ● Прочитано 4428

Еднаш одамна, во далечната земја наречена Босна и Херцеговина, група пријатели одлучија да оформат бенд. Но тоа не беше обичен бенд и тој не се создаваше во обични околности. Навистина, покрај локалните балкански вкусови, музичките влијанија доаѓаа од целиот свет (ска, панк, реге, електронски, хип-хоп), но тогаш и таму, музиката сѐ уште не постоеше како индустрија, се случуваа само по неколку концерти годишно и немаше простор за културен или за политички израз меѓу младите. Всушност, целиот регион го зафати длабока морална и егзистенцијална стагнација. Од тоа опкружување се роди „Дубиоза колектив“.

Денес, 15 години подоцна, „Дубиоза колектив“ го претставува својот прв документарен филм насловен „Филм за деца и возрасни“.

- Филмот е во еден дел директно поврзан со создавањето и снимањето на албумот, кој се вика „Песнички за деца и возрасни“, па некако беше логично филмот да се вика „Филм за деца и возрасни“. За оние што се помлади од 12 години, сакаме да кажеме дека филмот не е во категорија за „родителски надзор“, можат слободно да го гледаат – изјавуваат од „Дубиоза“.

Ова не е филм што се занимава со оформувањето на бендот, туку пред сѐ ја раскажува приказната за создавањето на последниот албум, како настанале соработките со гостите на албумот и уште многу интересни ситуации.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Аделина Тахири ќе стане мајка

Аделина се омажи кон крајот на минатата година.

Неверство - можна причина за разводот на Анистон и Теру

Гласините долго време говореа и дека сега веќе поранешниот (втор) сопруг на актерката, цел живот искористувал богати жени.

Џастин и Селена во прегратка на Јамајка

Пејачката неодамна објави дека ја продава куќата за да се лекува од лупус.

Ријана наполни 30 години

Му благодарам на Бог што те избра тебе да ми бидеш мајка кога го испрати мојот дух кај тебе. Ти си најдобрата! Ти благодарам!, напиша таа до мајка ѝ.

Тони Брекстон: Се свршив!

Брекстон (50) и Бирдмен (49) за првпат заедно во јавност се појавија во 2016 година на наградите БЕТ.

НАЈЧИТАНИ