• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:24 13 февруари 2018 ● Прочитано 4198

Градежен инвеститор од Њујорк мора да плати 6,7 милиони долари на 21 цртач на графити, откако ги уништил нивните дела насликани на згради, одлучи судот.

Пресудата е разрешница на спор започнат во 2013 година, кога градежниот инвеститор Џери Волкоф ги отстранил уметничките графити што биле насликани на ѕидовите на станбен комплекс што тој го поседувал.

Тој зградата ја претворил во комплекс со луксузни апартмани во 2014 година.

Но, уништените дела не биле обични улични графити, туку биле дел од нешто што уметниците го нарекувале најголемиот музеј на графити на отворено и го тужеле изведувачот врз основа на законот што штити јавна уметност со признаен статус, создадена на нечиј имот.

Пресуда, образложение

Во ноември судијата пресудил во полза на уметниците, а сега тој ја соопштил и конечната одлука и надоместот за уништување на нивните дела. Судијата Фредерик Блок изјавил дека ѕидовите со графити биле пребојадисани додека траела судската парница.

- Доколку Џери Волкоф не ги уништел графитите додека ги добиел дозволите, судот не би нашол дека тој дејствувал намерно - објаснил судијата.

Профит пред уметност

Волкоф е сопственик на зградите од 1971 година и тој бил човекот што првично им дал дозвола уметниците да сликаат графити на ѕидовите во 2002 година.

Но, пазарот на недвижнини во Њујорк почнал да „цвета“ и околината на зградите не била исклучок. Тогаш Волкоф решил да заработи од својот имот со претворање на објектите во луксузни апартмани и одлучил дека уметноста на цртањето графити, повеќе не припаѓа на тие ѕидови.

Искреност или лицемерие?

Џери Волкоф изјавил дека многу му било тешко што таква уметност требало да биде отстранета.

- Ви кажувам, не само што ми се допаѓаше она што го сработија, туку го обожавав. Плачев утрово, ви се колнам - изјавил Волкоф за „Њујорк тајмс“ во 2013 година.

Многу жители од околината, како и портпаролката на уметниците, Мери Флажел, изјавиле дека потегот на Волкоф бил убиство на уметноста.

- Ова е трагедија. Доколку работите не одат како што тој сака, тој ги презема нештата во свои раце - изјавила Мери.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Отишол на трансплантација, си заминал со две срца

Во операцијата која траела седум часа новиот орган бил сместен меѓу срцевата кеса и старото срце на 55-годишниот пациент.

Американско пиво со вкус на солзавец

Необичното пиво содржи бибер-спреј, главната состојка на солзавецот. Во едно шише ќе има 750 мл пиво, а во продажба ќе бидат пуштени само 200 шишиња.

Во акцијата „Атина“ запленети повеќе од 40.000 вредни предмети низ целиот свет

Покренати се 200 истраги, а уапсени се 53 лица во 81 земја.

Американка ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл за нападите во Париз во 2015 година

Во тужбата се наведува дека таа била во кафуле во Париз каде беа убиени повеќе од 12 лица и оти е емотивно повредена.

Делови од ѕидот на Варшавското гето ќе станат споменик

Нацистите во 1943 година го уништиле гетото и поголем дел од ѕидот.

НАЈЧИТАНИ