• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:32 13 февруари 2018 ● Прочитано 4803

Лавовите во резерватот за диви животни во Јужна Африка минатата недела го растргнале и го изеле човекот за кого полицијата вели дека бил ловокрадец.

Изглоданите остатоци од телото минатиот викенд биле пронајдени кај националниот парк Кригер.

– Изгледа дека во прашање била група ловокрадци и дека лавовите еден од нив убиле и потоа речиси целиот го изеле. Му ја оставиле само главата и некои помали делови од телото – навела полицијата и додала дека кај остатоците од телото била пронајдена наполнета пушка.

Неколку лавови минатата година биле отруени во тој резерват и им биле отсечени главите и шепите, кои се користат во традиционалната медицина.

Носорозите се најголемата мета на локалните ловокрадци во Јужна Африка каде што живее околу 80 отсто од светската популација на тој животински вид.

Речиси 1.000 носорози минатата година се убиени во илегален лов, претежно поради рогот за кој се верува дека има терапевтско-афродизијачки својства.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Отишол на трансплантација, си заминал со две срца

Во операцијата која траела седум часа новиот орган бил сместен меѓу срцевата кеса и старото срце на 55-годишниот пациент.

Американско пиво со вкус на солзавец

Необичното пиво содржи бибер-спреј, главната состојка на солзавецот. Во едно шише ќе има 750 мл пиво, а во продажба ќе бидат пуштени само 200 шишиња.

Во акцијата „Атина“ запленети повеќе од 40.000 вредни предмети низ целиот свет

Покренати се 200 истраги, а уапсени се 53 лица во 81 земја.

Американка ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл за нападите во Париз во 2015 година

Во тужбата се наведува дека таа била во кафуле во Париз каде беа убиени повеќе од 12 лица и оти е емотивно повредена.

Делови од ѕидот на Варшавското гето ќе станат споменик

Нацистите во 1943 година го уништиле гетото и поголем дел од ѕидот.

НАЈЧИТАНИ