• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:34 13 февруари 2018 ● Прочитано 5054

Девојчето што остана две недели во мајчината утроба откако нејзиниот брат близнак предвреме се роди, преживеа.

Џема Брајант, која била бремена со близнаци, рекла дека тагата поради загубата на синот и радоста за раѓањето на ќерката Лекси, е вистински ролеркостер од емоции.

Откако во 21-ва недела го изгубила синот, лекарите ја предупредиле дека веројатно и второто дете ќе се роди за три дена со мали шанси за преживување. Но, поминале 17 дена откако Џема повторно се нашла во салата за породување. Породувањето поминало во најдобар ред, а шансите за преживување на бебето се сè поголеми.

- Тешко ми е што Коби се роди толку рано, неговите мали бели дробови едноставно не беа подготвени. Следните денови поминати во чекање беа ужас, беше страшно кога се роди ќерката, но и возбудливо - рекла Брајант.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Отишол на трансплантација, си заминал со две срца

Во операцијата која траела седум часа новиот орган бил сместен меѓу срцевата кеса и старото срце на 55-годишниот пациент.

Американско пиво со вкус на солзавец

Необичното пиво содржи бибер-спреј, главната состојка на солзавецот. Во едно шише ќе има 750 мл пиво, а во продажба ќе бидат пуштени само 200 шишиња.

Во акцијата „Атина“ запленети повеќе од 40.000 вредни предмети низ целиот свет

Покренати се 200 истраги, а уапсени се 53 лица во 81 земја.

Американка ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл за нападите во Париз во 2015 година

Во тужбата се наведува дека таа била во кафуле во Париз каде беа убиени повеќе од 12 лица и оти е емотивно повредена.

Делови од ѕидот на Варшавското гето ќе станат споменик

Нацистите во 1943 година го уништиле гетото и поголем дел од ѕидот.

НАЈЧИТАНИ