• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:37 13 февруари 2018 ● Прочитано 3578

Присуството на официјалниот тим на навивачки на Северна Кореја не може да помине незабележано на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Младите навивачки гледаа како швајцарскиот тим на хокеј на мраз го уништува со 8:0 обединетиот тим на Јужна и Северна Кореја, но тоа не беше пречка тие да продолжат со строго дефинираната кореографија и да пеат и поздравуваат, пишува „Бизнис инсајдер“.

Тие не наликуваат на навивачките од другите спортови. Нивните песни и потези се бизарни во споредба со што било друго што може да се чуе и види од навивачки толпи на спортски настани. Може да завршат в затвор ако нешто погрешат, бележи уште „Бизнис инсајдер“, додавајќи дека такво нешто мора да се види и да се чуе за човек да поверува.

Песна и дисциплина

Навивачката екипа пристигнала во Јужна Кореја во средата, а сите девојки биле облечени во црвено-црни капути и носеле црни шубари. Дури носеле и исти патнички торби и се движеле координирано.

Девојките привлекле огромно внимание пеејќи, нишајќи се и ракоплескајќи на натпреварот во хокеј. Сите биле облечени во црвени тренерки и се движеле како да е тоа еден лик пред огледало. Навивачките го поздравиле со песна дури и чистачот на мраз на хокеарксиот терен.

На некои натпревари вадат маски што најверојатно се носеле во една од најпопуларните севернокорејски песни. Не се знае чиј лик претставуваат маските, но се шпекулира дека тоа можеби е Ким Ил-Сунг на млади години, „вечниот претседател“ на Северна Кореја.

Армија убавици

Наводно, членките на навивачкиот тим од Пјонгјанг биле избирани според нивната убавина и чувството за патриотизам. Ако за некого постои сомнеж дека не е лојален на државата или доколку неговите родители биле дезертери, ќе биде исфрлен.

Кога не се на задача да навиваат, девојките престојувале на голем ферибот, за да не можеле да „почувствуваат многу од јужнокорејскиот живот“ или да избегаат.

Во навивачкиот тим има околу 230 девојки. Од Северна Кореја, пак, на олимпијадата се натпреваруваат 22 спортисти.

Една од можните причини што тие така немилосрдно навиваат и следат правила е што во 2006 година, 21 член од нивниот навивачки тим наводно биле однесени во затворски камп затоа што раскажувале што виделе во Јужна Кореја при одржување на универзитетски турнир.

Ова не е првпат Северна Кореја да испрати навивачки на меѓународни натпревари, но е првпат тие да се појават на една олимпијада.
- Нивното навивање е речиси роботско, па не се чувствувам пријатно - изјавил јужнокорејски гледач на возраст од 60 години.

И млади негодувале за севернокорејските навивачки, но во политички контекст. Северна Кореја, рекол 34-годишен Јужнокореец, предизвика тензии на полуостровот со нивните нуклеарни програми и не сакам да навивам со нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Рива: Репрезентацијата на Југославија од 1991 година најдобар европски тим во историјата

Поранешниот бек на Милано се осврна и на промените во кошарката денес.

Куп на Македонија: Вардар и Шкендија ремизираа

Фелипе во 79. минута со гол од слободен удар го израмни резултатот на конечни 1:1 и го спаси Вардар од пораз.

Норвешка го освои златото во брзо лизгање

Бронзата ја освоија Холанѓаните по победата во малото финале над Нов Зеланд.

Руска тинејџерка постави нов рекорд во уметничко лизгање (ВИДЕО)

Со оцена од 82,92 бодови го собори светскиот рекорд кој десет минути претходно го постави нејзината сонародничка Јевгенија Медведева (81,61).

Канадски олимпиец ја скрши карлицата при страшен пад во ски-крос

Дел Боско на трката во осминафиналето во ски-крос за подобар пласман се обиде да изведе еден ризичен скок, но изгуби контрола во воздухот и падна.

НАЈЧИТАНИ