• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо13:52 13 февруари 2018 ● Прочитано 783

 

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, од утре до 16 февруари ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде е предвидено да оствари повеќе билатерални средби и тоа со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

 

Во рамки на билатералната средба со министерката Захариева, која е закажана за утре, предвидено е министрите да извршат размена на ратификациони документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со што и практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на Договорот во сила, по неговата ратификација во Собранието на Република Македонија, на 15.1.2018, и во Националното Собрание на Република Бугарија на 18.1.2018, соопшти МНР.

 

На покана на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ, министерот Димитров, на 15 и 16 февруари ќе учествува и на Неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција – GYMNICH. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

За Лавров ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтација

Сергеј Лавров на Ивица Дачиќ на свечена церемонија му го врачи Орденот за пријателство, со кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин.

Еден загинат, еден повреден во сообраќајка на обиколницата

Возачот на возилото „југо“ починал на самото место, а В.Ѓ. е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза.

Мицкоски жали за Ќосето

Според него, ова сценарио е за дефокусирање од вистинските теми.

Ѓорчев се повлече од координатор на ВМРО-ДПМНЕ, на негово место Драган Данев

За негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев, соопшти Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Актерот Владо Јовановски доби куќен притвор

Мерката притвор за Јовановски е заменета со куќен притвор, а судот ќе му го одземе и пасошот.

НАЈЧИТАНИ