• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо14:02 13 февруари 2018 ● Прочитано 839

Српската православна црква (СПЦ) нема сериозна намера да го реши црковниот проблем со МПЦ-ОА, а тој нејзин став не е променет веќе неколку години, смета митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.

- Постои голема веројатност на мајскиот собор на СПЦ да биде отворено прашањето за натамошното делување и решавање на црковниот спор со МПЦ, но искрено не верувам дека на тој собор ќе биде постигнат некаков договор - го пренесува „Слободен печат“ владиката Тимотеј.

За барањето на МПЦ-ОА за заедничко сослужување со БПЦ, вели дека тој потег е паметен и би донел само позитивни работи.

- Не знам дали заедничкото сослужување со МПЦ би предизвикало каква било штета или последици за БПЦ поради тоа што сослужува со црква која е надвор од единството, но на тоа прашање нека размислува бугарскиот црковен врв - истакнува г. Тимотеј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

За Лавров ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтација

Сергеј Лавров на Ивица Дачиќ на свечена церемонија му го врачи Орденот за пријателство, со кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин.

Еден загинат, еден повреден во сообраќајка на обиколницата

Возачот на возилото „југо“ починал на самото место, а В.Ѓ. е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза.

Мицкоски жали за Ќосето

Според него, ова сценарио е за дефокусирање од вистинските теми.

Ѓорчев се повлече од координатор на ВМРО-ДПМНЕ, на негово место Драган Данев

За негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев, соопшти Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Актерот Владо Јовановски доби куќен притвор

Мерката притвор за Јовановски е заменета со куќен притвор, а судот ќе му го одземе и пасошот.

НАЈЧИТАНИ