• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА14:09 13 февруари 2018 ● Прочитано 1935

Вработените во прилепската компанија „Еурокомпозит“ денеска ги продолжија протестите во центарот на Прилеп пред споменикот „Карпалак“. Покрај основните барања за исплата на бруто плата и на заостанатите плати и придонеси од 2012 година, бараат и оставка на менаџментот на компанијата.

Според Роберт Богданоски, преседател на синдикалната организација, работниците ги продолжуваат протестите и бараат средба со претставници од владата.

- Вчера го блокиравме патниот правец Прилеп-Градско на излезот од градот, денеска протестот продолжи во центарот на Прилеп. Не се откажуваме ниту од нашите барања, ниту пак од разговори со претставници од Владата. Менаџментот на компанијата ниту доаѓа во фабриката, ниту сака да разговара со нас и ние бараме оставка од нив, а надлежните да ги испитаат наводите на кривичната пријава која како синдикат ја поднесовме против менаџментот до полицијата и јавното обвинителство. Продолжуваме со протести, а денеска ќе решиме кога да одиме пред Владата во Скопје - вели Богданоски.

Вработените во „Еурокомпозит“ пет дена протестираат и прашуваат како е можно досега никој да не сака да разговара со нив зашто нивната ситуација се провлекува со години. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Домашните фирми што ќе произведуваат делови за странските ќе добијат пари од Владата

Веќе има многу примери на домашни компании, кои успешно соработуваат со странските инвеститори.

Такса од 10 денари лете и 5 денари зиме ќе плаќаат угостителите во Охрид

Угостителите и Општина Охрид постигнаа договор околу комуналната такса и урбаната опрема.

ГСОЛ останува на ветеното од вчерашниот договор, Нова Логистик го отфрли предлогот

ГСОЛ останува на сето она што беше договорено и ветено вчера, со цел да се помогне на транспортерите.

Рудници - да или не, на потег е Владата

Употребата на сулфурни киселини во рудниците количински може да се спореди со таа во оцетот, виното или во сапуните за дезинфекција.

Се потрошија парите за субвенционирање печки на пелети

Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети.

НАЈЧИТАНИ