• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА14:44 13 февруари 2018 ● Прочитано 2767

САД дејствуваат во Сирија унилатерално и на опасен начин, со што го поткопуваат територијалниот интегритет на земјата, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Изјавата на Лавров следи по минатонеделниот напад на хеликотери на меѓународната коалиција, предводена од САД, врз позиции на сириските владини сили, распореден во близина на една рефинерија под контрола на бунтовниците, кои ја имаат поддршката на Вашингтон.

Лавров, исто така, нагласи дека Русија останува отворена за учество на сириските Курди во мировниот процес во Сирија и покрај противењето на Турција.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот на сириските Курди за огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која се залага за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Турција минатиот месец започна офанзива против силите на сириските Курди, кои беа еден од главните сојузници на САД во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), поради што дојде до тензии во односите меѓу Анкара и Вашингтон.

Во услови кога однсите меѓу САД и Турција се, како што оцени турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, во „критичн фаза“. в петок во Анкара ќе допатува американскиот дравен секретар Рекс Тилерсон.

Во пресрет на посетата на Тилерсон, денеска во Истанбул се одржа средба меѓу претставници на Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Херберт Рејмонд Мекмастер. Тема на разговорите, според извори од кабинетот на Ердиоган, било „долгорочното стратешко партнерство“ меѓу Турција и САД.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Амбасадата на САД разочарана од изјавата на Рама

Американската Амбасада ја оцени изјавата на Рама како „невнимателна реторика“.

Масовни протести во САД за промена за законот за оружје

Се бара итна ревизија на Законот за да запре крвопролевањето по училиштата.

Почина најпознатиот американски проповедник Били Грејем

Грејем беше и советник на претседателите на САД - Двајт Ајзенхауер и Џорџ Буш помладиот.

Обама му е виновен на Трамп за главоболките со Русија

Трамп и претходно го критикуваше Обама дека не направил доволно за да го спречи мешањето на Русија.

Автобуска несреќа во Перу, 25 мртви

Несреќата се случила рано изутрина, во близина на провинцијата Камана.

НАЈЧИТАНИ