• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо15:28 13 февруари 2018 ● Прочитано 1853

Народната банка објави Конкурс за изработка на едукативна игра (веб/мобилна апликација).

Едукативната игра (веб/мобилна апликација) ќе биде наменета за пошироката јавност, а пред сè за младата популација. Преку играта младите ќе имаат можност да се забавуваат, да пројават поголем интерес за областа на економијата и финансиите и да го збогатат сопственото знаење. Едукативната игра треба да биде создадена согласно со возраста на целната група. Изработката на најдобра едукативна игра ќе се спроведе во две фази:

Во првата фаза авторите треба да изработат идејно решение во рок од еден месец од објавата на Конкурсот; и

Во втората фаза авторите треба да изработат едукативна игра (веб/мобилна апликација) во рок од три месеци од прифатеното идејно решение.

Во првата фаза се очекува авторите да достават идејно решение во кое ќе биде опишана едукативна игра (веб/мобилна апликација) преку слики и текстуално. Секој автор што ќе достави идејно решение коешто ќе биде прифатено од страна на Комисијата за избор на едукативна игра, ќе се смета дека ги прифаќа условите наведени во Конкурсот. Вработени од Народната банка ќе соработуваат со сите автори коишто ќе достават идејни решенија, ќе ги насочуваат авторите во однос на содржината и текстуалниот дел во игрите за да можат заеднички, преку консултации, да го развијат конечниот производ (едукативната игра). Идејните решенија за видовите едукативна игра им се оставаат на имагинацијата на авторите.

 

Краен рок за доставување на едукативните игри е 13 март 2018 година.

На избраните автори ќе им се додели награда за едукативна игра (веб/мобилна апликација), и тоа: за прво место 50.000 денари, нето; за второ место 25.000 денари, нето; и за трето место 15.000 денари, нето. Наградите ќе бидат доделени по завршувањето на Конкурсот на јавен настан во организација на Народната банка.

 

Наградените едукативни игри ќе бидат поставени на интернет-страницата на Народната банка.

 

За подетални информации, заинтересираните можат да се обратат на електронската пошта: [email protected]

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Домашните фирми што ќе произведуваат делови за странските ќе добијат пари од Владата

Веќе има многу примери на домашни компании, кои успешно соработуваат со странските инвеститори.

Такса од 10 денари лете и 5 денари зиме ќе плаќаат угостителите во Охрид

Угостителите и Општина Охрид постигнаа договор околу комуналната такса и урбаната опрема.

ГСОЛ останува на ветеното од вчерашниот договор, Нова Логистик го отфрли предлогот

ГСОЛ останува на сето она што беше договорено и ветено вчера, со цел да се помогне на транспортерите.

Рудници - да или не, на потег е Владата

Употребата на сулфурни киселини во рудниците количински може да се спореди со таа во оцетот, виното или во сапуните за дезинфекција.

Се потрошија парите за субвенционирање печки на пелети

Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети.

НАЈЧИТАНИ