• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА15:34 13 февруари 2018 ● Прочитано 1218

Координаторот за интегрирање на Македонија во НАТО Стево Пендаровски смета дека Македонија треба посветено да работи на Планот 3-6-9 и да ги спроведе сите неопходни реформи, бидејќи нема друга алтернатива за членство на земјата во Алијансата.

Минатата власт, смета тој, во текот на изминатите години ја вратила Македонија назад во врска со ова прашање.

- Во 2008 година ние имавме исполнето се, сите воено-технички и политички услови, освен прашањето со името. Во меѓувреме, ни натоварија уште три или четири услови - справување со партизирани институциии, нема независно судство, нема слобода на медиуми..., рече Пендаровски кој денеска во Тетово одржа предавање на тема интегрирање на земјата во НАТО.

Новата Влада, вели, ги адресирала сите проблеми и со силно темпо работи на нивно решавање.

- Колку и да е тешко планот 3-6-9 мора да се реализира. Нашиот план е тоа да се заврши пред следниот самит на НАТО, зборувам за овој дел освен за името. Сите други работи мора да бидат завршени и да остане само прашањето за името. Знанаете дека денеска продолжува следна рунда разговори во Виена и ќе видиме како тоа ќе се одвива, рече Пендаровски.

Според него, друга алтернатива за интегрирање на Македонија во НАТО нема, освен да се реализира планот 369, и да се постигне договор со Грција за спорот со името.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Според Раша тудеј, Меркел денеска се сретнала со Иванов (ВИДЕО)

И покрај тоа што поминаа неколку часа од завршувањето на прес конференцијата, во насловот сѐ уште стои дека Меркел се сретнала со Иванов.

Индекс за перцепција на корупција: Македонија најлошо рангирана од Западен Балкан

Најдобро рангирана земја во светот е Нов Зеланд, следена од Данска и Финска, а перцепцијата за корупција е најголема во Сомалија.

Заев за Дојче Веле: 2018. може да биде историска година за Македонија

Членството во НАТО и датумот за преговори со ЕУ ќе значат живот за Македонија, рече премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле.

СЛОБОДЕН УДАР Кул е друг да одговора

Министерката, за тоа што го прикривала, вчера одговараше на суд, кривично. Тоа што министерот не прикрива не е доволно за да не одговара правично.

Штајнмаер: Решение на спорот со Грција ќе даде позитивен импулс за целиот регион

Германските компании што основаа свои фабрики во Република Македонија, отворија речиси 20 илјади работни места.

НАЈЧИТАНИ