• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
МИА15:56 13 февруари 2018 ● Прочитано 777

Во работна посета на општина Гевгелија денеска престојуваше украинската амбасадорка Наталија Задорожњак која на средба со градоначалникот Сашо Поцков воспостави контакти и договори начела на кои ќе се базира идната соработка.

- Македонија и Украина се докажани пријателски земји со многу заеднички работи и стратегиски приоритети како членството во ЕУ и НАТО и затоа како земја сакаме со вас да развиваме соработка не само на највисоко туку и на регионално ниво. Се договоривме со градоначалникот за идната конкретна соработка во различни сфери и области и за збратимување на Гевгелија со нашиот град Ужгород - рече украинската амбасадорка Задорожњак.

Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков изрази задоволство за договорот околу идната соработка и потврди дека е покрената иницијатива за збратимување на Гевгелија со Ужгород.

- Градот со кој ќе се збратимиме е град со слична проевропска ориентација како на Гевгелија. Се наоѓа во западниот дел на Украина и до сега е збратимен со повеќе градови од земји членки на ЕУ и САД. Се надевам дека преку овој град ќе имаме влез во мрежа преку која ќе можеме да користиме европски пари и искуства и да соработуваме на сите полиња во кои ќе најдеме заеднички интерес - рече Поцков.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

За Лавров ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтација

Сергеј Лавров на Ивица Дачиќ на свечена церемонија му го врачи Орденот за пријателство, со кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин.

Еден загинат, еден повреден во сообраќајка на обиколницата

Возачот на возилото „југо“ починал на самото место, а В.Ѓ. е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза.

Мицкоски жали за Ќосето

Според него, ова сценарио е за дефокусирање од вистинските теми.

Ѓорчев се повлече од координатор на ВМРО-ДПМНЕ, на негово место Драган Данев

За негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев, соопшти Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Актерот Владо Јовановски доби куќен притвор

Мерката притвор за Јовановски е заменета со куќен притвор, а судот ќе му го одземе и пасошот.

НАЈЧИТАНИ