• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
МИА16:00 13 февруари 2018 ● Прочитано 2172

Посебна комисија формирана од општина Гевгелија, почна акција за утврдување на бројот и квалитетот на леглата што ги издаваат физички лица сопственици на куќи и станови за издавање.

- Сознанието дека е голем бројот на издавачи на соби кои на многуте гости и транзитни туристи низ Гевгелија им нудат ноќевање, а речиси ниеден од нив со исклучок на хотелските капацитети, не ги пријавува леглата, беше повод за почеток на акцијата затоа што тие не се категоризирани, а издавачите воопшто не се запишани во Регистарот на физички лица издавачи на соби - велат од Комисијата.

Физичките лица, согласно Правилникот за категоризација, треба да исполнат одредени услови за стандардот на собите и понудениот комфор, посочија од Комисијата. Врз основа на поднесено барање надлежната комисија ќе им издаде решенија по што на објектите ќе треба да постават табли за нивна категоризација и јавно означување.

Приватните издавачи на соби имаат обврска да плаќаат туристичка такса од 40 денари по ноќевање од кои 80 отсто на општинската буџетска сметка, а 20 отсто на буџетот на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ГСОЛ останува на ветеното од вчерашниот договор, Нова Логистик го отфрли предлогот

ГСОЛ останува на сето она што беше договорено и ветено вчера, со цел да се помогне на транспортерите.

Се потрошија парите за субвенционирање печки на пелети

Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети.

За 30 отсто ќе се зголеми платата на шумските полицајци

Оваа мерка ќе биде имплементирана со првиот ребаланс на Буџетот во 2018 година, изјави Бошњаковски.

Во првата година МРТ ќе биде финансирана со 0,7 отсто од Буџетот

Суштинските измени што се предлагаат се однесуваат на изборот на управните тела и директори на МРТ и на АВМУ, изјави портпаролот на Владата.

Од 1 јуни директна авиолинија Варшава - Скопје

Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови.

НАЈЧИТАНИ