• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 73
МИА16:24 13 февруари 2018 ● Прочитано 2048

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство успеа да го одблокира процесот за исплата на штетите настанати од пролетните мразови во 2016-та и 2017 година и наскоро треба да почне исплатата на барањата за штета, најави денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.

Тој нагласи дека постапките за 2016 година беа започнати од претходната влада, односно од општините кои беа водени од градоначалниците во претходниот мандат и тоа врз база на погрешен закон, не по Законот за земјоделство и рурален развој, туку по Законот за заштита и спасување.

- Предложивме акциски план до Владата со кој ги преземаме овие предмети и ги водиме по Законот за земјоделство и рурален развој и тие се веќе во процедура и во моментов се прават проценките од страна на Бирото за судски вештачења. Понатаму ќе бидат процесуирани во Платежната агенција - рече Николовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

За постапките за штетите кои се случија од пролетниот мраз во април 2017 година тој посочи дека до крајот на септември се завршени проценките и обработката на барањата кои ги правеа подрачните единици на Министерството, а потоа 15.800-те предмети беа предадени на Бирото за судски вештачења.

- Со оглед на фактот што станува збор за мал капацитет на проценители со кои располага Бирото и огромна бројка на предмети, Владата неколку пати беше информирана за прогресот. Го обновивме договорот и се ангажираа надворешни проценители со цел проценките да бидат направени во најбрз можен рок. Пред седум до 10 дена од Бирото бевме информирани дека се комплетирани сите проценки за општините каде беа констатирани штетите од пролетните мразови - појасни Николовски.

По преземањето на предметите од Бирото, додаде тој, МЗШВ изработи информација за која се очекува мислење од надлежните институции по што ќе се најде на генерален колегиум на Влада. Потоа постапката ќе оди во Комисијата за економски сиситем и во најбрз можен рок Владата ќе треба да одлучи за процентот за исплата на штетите од пролетните мразови по што МЗШВ ќе ги препрати сите предмети до Агенцијата за финасиската поддршка на земјоделството и руралниот развој за да бидат исплатени.

- Побарав и добив мислење од Министерството за финасии во однос на средствата за исплата на овие штети и ми беше посочено дека исплатата ќе се врши или по однос на програмите на Платежната агенција или од резервите со кои располага државата - потенцира Николовски. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ГСОЛ останува на ветеното од вчерашниот договор, Нова Логистик го отфрли предлогот

ГСОЛ останува на сето она што беше договорено и ветено вчера, со цел да се помогне на транспортерите.

Се потрошија парите за субвенционирање печки на пелети

Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети.

За 30 отсто ќе се зголеми платата на шумските полицајци

Оваа мерка ќе биде имплементирана со првиот ребаланс на Буџетот во 2018 година, изјави Бошњаковски.

Во првата година МРТ ќе биде финансирана со 0,7 отсто од Буџетот

Суштинските измени што се предлагаат се однесуваат на изборот на управните тела и директори на МРТ и на АВМУ, изјави портпаролот на Владата.

Од 1 јуни директна авиолинија Варшава - Скопје

Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови.

НАЈЧИТАНИ