• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
МИА16:49 13 февруари 2018 ● Прочитано 2594

Меѓународниот олимписки комитет нема да бара од голманките на националниот хокеарски тим на САД да ги заменат шлемовите. Алекс Ригсби и Никол Хенсли ја имаат „Статуата на слободата“ на своите шлемови, еден од најпопуларните американски симболи, што предизвика доста шпекулации.

Правилото бр. 50 на МОК гласи дека се забранети сите демонстрации и политичка, религиозна или расистичка пропаганда на сите објекти, настани или било какви места, кои се поврзани со Олимпијадата, како и дека никакви предмети не можат да содржат зборови или делови од текстови од национални химни, како и мотивациски или политички пораки.

Портпаролот на американскиот комитет сепак потврди дека МОК дал дозвола и нема да бидат казнети Американките поради „Статуата на слободата“.

Во првиот натпревар на голот на репрезентацијата на САД беше Маделин Руни, а освојувачките на сребрените медали од последната Олимпијада ја победија Финска со 3:1.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тренерот на Влазнија избоден со нож во Скадар

Џока веднаш е пренесен во болница, а полицијата отвори истрага за случајот.

„Камп ноу“ заминува во историјата, Барселона го продава името на стадионот

Барселона првпат на „Камп ноу“ заигра во 1957 година, а стадионот со новото проширување од 99.354 места ќе има 105.000.

Белорусија со злато во штафетата 4 х 6 во бијатлон кај жените

Второто место го освои екипата на Шведска, а трета е екипата на Франција.

Ристевски не успеа да ја заврши трката во слалом

Претходно, Ристевски не ја заврши трката во велеслалом.

Прво злато за Унгарија во Пјонгчанг со олимписки рекорд

Лиу Шаоан, Лиу Шандор Шаолин, Виктор Кнох и Џабара Бурјан ја донесоа првата зимска олимписка титула и прв медал од 1980 година.

НАЈЧИТАНИ