• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо17:34 13 февруари 2018 ● Прочитано 2217

Денеска, во канцеларијата на ОН во Виена, личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, имаше заедничка средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

По конструктивната средба која е дел од напорите за наоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на разликата околу името, министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

Инаку, средбата во Виена траела околу пет часа. На средбата која започна утрово околу 10 часот синоќа ѝ претходеше тет-а-тет средба меѓу двајцата министри. Досега ниту една од страните не лиферува никакви информции за тоа што било разговарано вчера, ниту како течеле денеска преговорите.

Во исто време со соопштението од македонското, со соопштение излезе и грчкото МНР со идентична содржина, јавува дописникот на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

За Лавров ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтација

Сергеј Лавров на Ивица Дачиќ на свечена церемонија му го врачи Орденот за пријателство, со кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин.

Еден загинат, еден повреден во сообраќајка на обиколницата

Возачот на возилото „југо“ починал на самото место, а В.Ѓ. е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза.

Мицкоски жали за Ќосето

Според него, ова сценарио е за дефокусирање од вистинските теми.

Ѓорчев се повлече од координатор на ВМРО-ДПМНЕ, на негово место Драган Данев

За негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев, соопшти Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Актерот Владо Јовановски доби куќен притвор

Мерката притвор за Јовановски е заменета со куќен притвор, а судот ќе му го одземе и пасошот.

НАЈЧИТАНИ