• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА18:16 13 февруари 2018 ● Прочитано 4577

Сѐ е речиси подготвено за претстојната британска кралска венчавка на актерката Меган Маркл и принцот Хари. Свеченоста ќе се случи на 19 мај, а британските медиуми на секој можен начин доаѓаат до деталите околу прославата.

Свадбата ќе почне напладне во црквата Сент Џорџ, а потоа следува традиционално дефиле на младенците со кочии.

Иако блиските на принцот Хари не сакаат да потврдат, медиумите во Велика Британија пренесуваат дека тој за кум го избрал својот брат Вилијам.

- Хари има неколку блиски пријатели, но нема шанси да прашал некој друг освен неговиот брат - изјави неименуван извор близок до кралското семејство.

На венчавката се поканети и познати личности - глумците колеги на Маркл од серијата „Suit“, потоа Пријанка Чопра, тенисерката Серена Вилијамс... Свадбата ќе се пренесува во живо.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Аделина Тахири ќе стане мајка

Аделина се омажи кон крајот на минатата година.

Неверство - можна причина за разводот на Анистон и Теру

Гласините долго време говореа и дека сега веќе поранешниот (втор) сопруг на актерката, цел живот искористувал богати жени.

Џастин и Селена во прегратка на Јамајка

Пејачката неодамна објави дека ја продава куќата за да се лекува од лупус.

Ријана наполни 30 години

Му благодарам на Бог што те избра тебе да ми бидеш мајка кога го испрати мојот дух кај тебе. Ти си најдобрата! Ти благодарам!, напиша таа до мајка ѝ.

Тони Брекстон: Се свршив!

Брекстон (50) и Бирдмен (49) за првпат заедно во јавност се појавија во 2016 година на наградите БЕТ.

НАЈЧИТАНИ