• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
МИА18:21 13 февруари 2018 ● Прочитано 2767

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажа самодоверба пред првиот дуел со Париз Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампионите, која ќе се одигра утре на „Бернабеу“.

- Немам што да докажувам против ПСЖ. Да, јас сум од Марсеј, постои историско ривалство со ПСЖ, но мислам за Мадрид ПСЖ - рече тренерот на „белите“ на денешната прес-конференција.

- Задоволен сум што имаме можност да играме ваков тип на натпревари. Нема тензии. Се подготвувавме добро во текот на неделата, како и секогаш. Секогаш постои напнатост, но тоа е нормално. Сите вежби и сите натпревари се важни. Не ми е гајле за мојата иднина. Не, ова не е финале, тоа се два натпревари во Лигата на шампионите. Утре ќе го видиме Мадрид против ПСЖ, а не Нејмар против Кристијано. Роналдо постигна големи работи, има пет „Златни топки“, не можам да ги споредувам. Сите знаеме што прават на теренот. Двата тима имаат еднакви шанси - 50:50. Двата тима имаат шанси да одат понатаму - рече Зидан.

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело пак е сигурен дека „белите“ не треба да се концентрираат само на големата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар во утрешниот дуел. - Ќе биде грешка ако мислиме само за Нејмар или само за напаѓачите на противникот, изјави Бразилецот на денешниот прес.

- Не сум кажал дека Нејмар ќе игра во Реал Мадрид. Реков дека тоа може да се случи еден ден. Разменивме СМС со него, но не зборувавме за фудбал - призна тој.

- Ние знаеме што треба да направиме утре. Имавме време да се подготвиме. Дуелот ќе биде многу тежок. Секое скандирање од нашите трибини ќе биде важно, секој аплауз е од помош - рече уште Марсело.

Дуелот започнува утре од 20:45 часот на теренот на „кралскиот“ клуб. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тренерот на Влазнија избоден со нож во Скадар

Џока веднаш е пренесен во болница, а полицијата отвори истрага за случајот.

„Камп ноу“ заминува во историјата, Барселона го продава името на стадионот

Барселона првпат на „Камп ноу“ заигра во 1957 година, а стадионот со новото проширување од 99.354 места ќе има 105.000.

Белорусија со злато во штафетата 4 х 6 во бијатлон кај жените

Второто место го освои екипата на Шведска, а трета е екипата на Франција.

Ристевски не успеа да ја заврши трката во слалом

Претходно, Ристевски не ја заврши трката во велеслалом.

Прво злато за Унгарија во Пјонгчанг со олимписки рекорд

Лиу Шаоан, Лиу Шандор Шаолин, Виктор Кнох и Џабара Бурјан ја донесоа првата зимска олимписка титула и прв медал од 1980 година.

НАЈЧИТАНИ