• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 73
МИА19:28 13 февруари 2018 ● Прочитано 2874

ФИФА ја отфрли жалбата на Нејмар против Барселона, објави радио „Кадена СЕР“.

Бразилецот сакаше да добие надомест од 40 милиони евра од каталонскиот клуб, бидејќи тој не го добил бонусот што бил запишан во договорот меѓу двете страни по неговото обновување, пред да премине во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Оваа одлука на ФИФА може да предизвика адвокатите на Нејмар да го однесат случајот во КАС, иако веројатно нема да добијат поинаков одговор, бидејќи од централата на светскиот фудбал веќе категорично се изјасниле.

Од Барселона ја разгледуваат можноста да покренат свои дејства во кои ќе бараат надоместок од 75 милиони евра за прекршување на договорот од страна на Нејмар. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Мурињо пред дуелот со Севиља: Не ми прави разлика кој е фаворит

Вечерва „црвените ѓаволи“ гостуваат на „Рамон Санчез Писхуан“, каде, според „Специјалниот“, се игра многу тешко.

Ким Џонг-ун договори трансфер на напаѓач во Јувентус

Деветнаесет годишниот напаѓач на Каљари е баран од Тотенхем и Ливерпул, но Ким Џонг-ун му препорачал да продолжи да игра во Италија.

Пандев можеби ќе се пензионира

Во јуни ќе одлучам дали ќе продолжам со мојата кариера или не, рече фудбалерот.

Барса речиси секогаш продолжува напред по 1:1 како гостин во елиминациската фаза

Челзи, исто така, може да биде задоволен бидејќи „сините“ одат во следната фаза во три од пет случаи по нерешено 1:1 во првиот дуел од елиминациите.

Вечер на рекорди во Минхен

За Баерн, тоа беше 62-ри последователен меч во кој тимот не изгуби по гол на Томас Милер.

НАЈЧИТАНИ