• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 71
МИА19:30 13 февруари 2018 ● Прочитано 3081

Фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо започнал постапка за вадење на португалски пасош. На тој начин ќе ослободи квота за странец кој не е од ЕУ во тимот на Ернесто Валверде.

Во моментов во Барселона играчи кои не доаѓаат од членки на ЕУ, се Јери Мина и Паулињо.

Португалскиот закон дозволува ако еден од двајцата членови на едно
семејство има пасош од земјата и неговиот брачен партнер може да добие државјанство на Португалија.

Кутињо и неговата сопруга Ајне се венчаа на 12 декември 2012 година, а таа има и португалски пасош.

Постапката на Кутињо е истата со која Луис Суарез се послужи за да извади италијански пасош пред неколку години. Неговата сопруга, Софија Балби потекнува од Апенините.

Се очекува португалскиот пасош на Кутињо да и овозможи на Барселона да го финализира трансферот на Артур од Гремио. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Мурињо пред дуелот со Севиља: Не ми прави разлика кој е фаворит

Вечерва „црвените ѓаволи“ гостуваат на „Рамон Санчез Писхуан“, каде, според „Специјалниот“, се игра многу тешко.

Ким Џонг-ун договори трансфер на напаѓач во Јувентус

Деветнаесет годишниот напаѓач на Каљари е баран од Тотенхем и Ливерпул, но Ким Џонг-ун му препорачал да продолжи да игра во Италија.

Пандев можеби ќе се пензионира

Во јуни ќе одлучам дали ќе продолжам со мојата кариера или не, рече фудбалерот.

Барса речиси секогаш продолжува напред по 1:1 како гостин во елиминациската фаза

Челзи, исто така, може да биде задоволен бидејќи „сините“ одат во следната фаза во три од пет случаи по нерешено 1:1 во првиот дуел од елиминациите.

Вечер на рекорди во Минхен

За Баерн, тоа беше 62-ри последователен меч во кој тимот не изгуби по гол на Томас Милер.

НАЈЧИТАНИ