• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Александар Самарџиски21:41 13 февруари 2018 ● Прочитано 9365

Претседателот на локалниот клуб на СДММ – Тетово, Даријан Сотировски е именуван за директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, дознава Плусинфо. Именување се случило на денешната владина седница.

Дваесет и шест годишниот тетовец е магистер по право и четири години работи како приправник во адвокатска канцеларија. Тој е долгогодишен член на СДСМ и е активен во процесот на денационализација на црковниот недвижен имот во Тетово и тетовско. Во неговата биографија стои и дека по негово залагање веќе неколку години е обновена традицијата да се искажува почит кон ликот и делото на преродбеникот Кирил Пејчиновиќ, игумен на Лешочкиот манастир, на денот на неговиот помен, како во Тетово така и во с. Лешок.

Сотировски доаѓа на столчето на Валентина Божиновска, која Владата ја разреши во август лани. Божиновска јавноста ќе ја памети по говорот во кој повика на „ноќ на долги ножеви“ пред Државната изборна комисија, на протестот кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ додека ДИК одлучуваше за приговорите по парламентарните избори во декември 2016.

„Ноќта на долгите ножеви“ е операција што се одвивала во Германија од 30 јуни до 2 јули 1934, кога нацистичкиот режим ликвидирал луѓе од политички причини.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Според Раша тудеј, Меркел денеска се сретнала со Иванов (ВИДЕО)

И покрај тоа што поминаа неколку часа од завршувањето на прес конференцијата, во насловот сѐ уште стои дека Меркел се сретнала со Иванов.

Индекс за перцепција на корупција: Македонија најлошо рангирана од Западен Балкан

Најдобро рангирана земја во светот е Нов Зеланд, следена од Данска и Финска, а перцепцијата за корупција е најголема во Сомалија.

Заев за Дојче Веле: 2018. може да биде историска година за Македонија

Членството во НАТО и датумот за преговори со ЕУ ќе значат живот за Македонија, рече премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле.

СЛОБОДЕН УДАР Кул е друг да одговора

Министерката, за тоа што го прикривала, вчера одговараше на суд, кривично. Тоа што министерот не прикрива не е доволно за да не одговара правично.

Штајнмаер: Решение на спорот со Грција ќе даде позитивен импулс за целиот регион

Германските компании што основаа свои фабрики во Република Македонија, отворија речиси 20 илјади работни места.

НАЈЧИТАНИ