• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 71
МИА22:01 13 февруари 2018 ● Прочитано 2928

Полицијата, која го испитува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, му препорача на државниот обвинител тој да биде обвинет за корупција во два случаи, јавија денеска израелски медиуми.

Нетанјаху, кој негира дека сторил нешто незаконско, неколку пати е испрашуван од почетокот на 2017 година. Конечната одлука за покренување на обвинение е на државниот обвинител.

Израелски медиуми јавуваат дека еден од двата случаи вклучува примање подароци од бизнисмени, а другиот е поврзан со разговорот на Нетанјаху со еден издавач на весници за ограничување на конкуренцијата во медиумскиот простор, во замена за позитивни известување за него. 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека препораките на полицијата да биде обвинет за корупција „нема да резултира со ништо“.

Во телевизиското обраќање до нацијата, Нетанјаху ги отфрли наводите дека добивал скапи подароци, вклучувајќи шампањ и скапи пури, од холивудскиот богаташ Арнон Милчан во замена за давање услуги.

Израелскиот премиер, исто така, е осомничен дека нудел привилегирана позиција на издавач на весници во замена за поповолен медиумски третман.

Нетанјаху изјави дека неговата долга политичка кариера е „исклучиво за доброто на земјата“. Тој ја обвини полицијата дека спроведува „лов на вештерки“ против него и најави дека ќе остане на функцијата. Тој го заврши обраќањето со ветување дека ќе остане премиер на Израел и дека ќе се натпреварува за реизбор.

Полициските препораки ќе бидат доставени до државниот обвинител, кој ќе одлучи дали да подигне обвиненија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Автобуска несреќа во Перу, 25 мртви

Несреќата се случила рано изутрина, во близина на провинцијата Камана.

На Нов Зеланд снег среде лето

Скијалиштето Коронет Пик, кое е на висина од околу 1.000 метри, е прекриено со снежна покривка од 10 до 15 сантиметри.

Африн - новата жешка точка во сириската криза

Кризата ескалираше откако на 20 јануари, турската Армија започна офанзива против Силите за заштита на народот на сириските Курди.

Хрватски функционер даде оставка среде прес за „несериозни демографски мерки“ ВИДЕО

Државниот секретар во хрватското министерство за демографија Марин Стрмота поднесе оставка.

Токио обвини за ново прекршување на санкциите кон Пјонгјанг

Наводното ново прекршување на санкциите кон Пјонгјанг, се откако открила „најверојатно префрлување на стоки“ меѓу брод со натпис на кинески брод.

НАЈЧИТАНИ