• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 73
МИА09:35 14 февруари 2018 ● Прочитано 2111

Хрватскиот телеком (ХТ) поради деловно условени причини до крајот на март планира да отпушти околу 60 вработени, со просечна отпремнина од 230.000 куни бруто (речиси 31.000 евра) и други стимулативни услови, соопшти компанијата.

Намалкувањето на бројот на вработени ХТ го образложува со обезбедување услови за развој и прилагодување на работењето на пазарните и технолошките трендови.

„Во рамките на овие промени е и намалувањето на бројот на вработени од деловно условени причини. Во рамките на тој процес утврден е вишок од околу 60 вработени на кои компанијата, од деловно условени причини, до 31 март 2018 година планира да им ги откаже договорите за работа“, стои во соопштението на ХТ. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ГСОЛ останува на ветеното од вчерашниот договор, Нова Логистик го отфрли предлогот

ГСОЛ останува на сето она што беше договорено и ветено вчера, со цел да се помогне на транспортерите.

Се потрошија парите за субвенционирање печки на пелети

Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети.

За 30 отсто ќе се зголеми платата на шумските полицајци

Оваа мерка ќе биде имплементирана со првиот ребаланс на Буџетот во 2018 година, изјави Бошњаковски.

Во првата година МРТ ќе биде финансирана со 0,7 отсто од Буџетот

Суштинските измени што се предлагаат се однесуваат на изборот на управните тела и директори на МРТ и на АВМУ, изјави портпаролот на Владата.

Од 1 јуни директна авиолинија Варшава - Скопје

Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови.

НАЈЧИТАНИ