• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
Плусинфо09:43 14 февруари 2018 ● Прочитано 2592

Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија, Мартин Шулц синоќа соопшти дека поднесува оставка на местото партиски лидер, и оцени дека е време за обновување на партијата.

Раководството едногласно ја именувало претседателката на парламентарната група на СПД во Бундестагот, Андреа Налес, за негова наследничка. Но, таа ќе мора да го почека вонредниот партиски конгрес закажан за 22 април кој ќе треба да ја избере.

Потегот на Шулц беше очекуван, откако тој минатата недела, под притисок на своите сопартијци, се откажа од планот да ја извршува функцијата министер за надворешни работи во новата коалициска влада со конзервативците на Меркел.

На изборите во септември, социјалдемократската партија, под водство на Шулц ги освоија најслабите изборни резултати по Втората светска војна. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Автобуска несреќа во Перу, 25 мртви

Несреќата се случила рано изутрина, во близина на провинцијата Камана.

На Нов Зеланд снег среде лето

Скијалиштето Коронет Пик, кое е на висина од околу 1.000 метри, е прекриено со снежна покривка од 10 до 15 сантиметри.

Африн - новата жешка точка во сириската криза

Кризата ескалираше откако на 20 јануари, турската Армија започна офанзива против Силите за заштита на народот на сириските Курди.

Хрватски функционер даде оставка среде прес за „несериозни демографски мерки“ ВИДЕО

Државниот секретар во хрватското министерство за демографија Марин Стрмота поднесе оставка.

Токио обвини за ново прекршување на санкциите кон Пјонгјанг

Наводното ново прекршување на санкциите кон Пјонгјанг, се откако открила „најверојатно префрлување на стоки“ меѓу брод со натпис на кинески брод.

НАЈЧИТАНИ