• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
Плусинфо10:10 14 февруари 2018 ● Прочитано 889

Против петмина скопјани на 18 годишна возраст поднесени се кривични пријави за седум разбојништва кои ги извршиле во јануари и февруари годинава.

Првите две се случиле на 20 јануари околу 20.30 часот во продавница на ул. „Козле-1“ во Скопје каде што со закана со безбол палка и нож од вработените го одзеле дневниот промет од околу 16.500 денари, а втората во маркет на ул. „Рузвелтова“ во Скопје каде со закана со безбол палка одзеле околу 30.000 денари и 30 кутии цигари.

Девет дена подоцна околу 21.55 часот во самопослуга на ул. „1“ во Ново Село, скопско, пријавените на идентичен начин од вработената го одзеле дневниот промет од околу 11.000 денари. Другиот ден, околу 20.45 часот во продавница во с.Радишани, скопско, со закана со безбол палка од вработената го одзеле дневниот промет од околу 26.000 денари. На 3 февруари околу 19.30 часот во мини маркет во с.Визбегово, скопско, со закана со безбол палка и нож од вработената го одзеле дневниот промет од околу 30.000 денари и неколку кутии со цигари, а пет дена подоцна околу 20.30 часот извршиле разбоjништво во продавница на ул. „Борис Сарафов“ од каде што го одзеле дневниот промет во висина од 20.000 денари.

На 10 февруари околу 18.30 часот во продавница во Радишани, скопско, пријавените со закана со пиштол од вработената го одзеле дневниот промет од околу 20.000 денари.

Ден подоцна во 16.30 часот биле извршени претреси во домовите на Ф.Д., С.Н., А.М. и М.Џ. При претресите, кај првите тројца биле пронајдени предмети од интерес на истрагата. Потоа, пријавените биле приведени и задржани во Полициската станица Карпош, каде што во службен разговор ги признале делата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Кумановскиот градоначалник даде отчет за сработеното

Една од капиталните инвестиции, според Димитриевски, ќе биде изградба на мултиетничка детска градинка која ќе згрижува 200 деца.

Средба на првите дами на Македонија и Турција

Иванова се заблагодарила за досегашната одлична соработка со ТИКА, со чија поддршка се реализирале проекти во Македонија.

Беса на Гаши ја обвини Беса на Касами за фалсификат

Од Беса на Касами одговорија дека нема да се занимава со клеветите на Орхан Муртезани и неговите шефови.

Двете сестри додека живееле во „25 Мај“ 89 пати исчезнале, преживеале и полов напад

Судот ги вратил децата на мајката, но надлежните не сакаат едно од девојчињата, кое се излечило од зависност, да се врати бидејќи нема услови.

Жбогар: Посетата на Јункер е порака самата по себе

Евроамбасадорот посочи дека вратите на ЕУ се отворени, а временската рамка е 2025 година до кога секоја земја може да ја стигне другата во прогресот.

НАЈЧИТАНИ