• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
Плусинфо10:15 14 февруари 2018 ● Прочитано 1023

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот „Траекторија“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Обвинетите присуствуваат на денешното рочиште што го води судијата Горан Бошевски.

Судењето за „Траекторија“ на 31 јануари почна од почеток бидејќи беше променет судечкиот совет.

Адвокатите на пбвинеите на претходнот рочиште побараа од СЈО да им ги достават снимените разговори на рака, за како што рекоа, да ги анализираат во изворна форма. Тие не прифаќаат „бомбите“ со прислушуваните разговори да ги преслушуваат во СЈО.

Станува збор за 315 аудио-снимки, кои се дел од доказниот материјал.

Адвокатите ги оспорија и вештачењата за направената штета со изградбата на автопатиштата во износ од 155 милиони евра.

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, пак, забележа дека дека одбраната истите овие приговори ги поднела кога се ценел обвинителниот акт и оти сега е фаза на судење и нема потреба од повторување. Поосчи дека одбраната имала и се уште има можност да ги слушне снимките пред тие да бидат дадени како доказ.

Во „Траекторија“, Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево - Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Кумановскиот градоначалник даде отчет за сработеното

Една од капиталните инвестиции, според Димитриевски, ќе биде изградба на мултиетничка детска градинка која ќе згрижува 200 деца.

Средба на првите дами на Македонија и Турција

Иванова се заблагодарила за досегашната одлична соработка со ТИКА, со чија поддршка се реализирале проекти во Македонија.

Беса на Гаши ја обвини Беса на Касами за фалсификат

Од Беса на Касами одговорија дека нема да се занимава со клеветите на Орхан Муртезани и неговите шефови.

Двете сестри додека живееле во „25 Мај“ 89 пати исчезнале, преживеале и полов напад

Судот ги вратил децата на мајката, но надлежните не сакаат едно од девојчињата, кое се излечило од зависност, да се врати бидејќи нема услови.

Жбогар: Посетата на Јункер е порака самата по себе

Евроамбасадорот посочи дека вратите на ЕУ се отворени, а временската рамка е 2025 година до кога секоја земја може да ја стигне другата во прогресот.

НАЈЧИТАНИ