• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
МИА10:48 14 февруари 2018 ● Прочитано 767

Непристапните терени и лошите временски услови ја отежнуваат работата на екипите кои на терн ги отстрануваат дефектите на електричната мрежа од кои без струја се повеќе села по долината на Радика и мавровскиот регион.

Според првичните информации, дефектите се настанати на 30-киловолтниот далековод кој со струја ја снабдува општина Маврово-Ростуше.

- Освен селата во реканскиот крај, прекин во снабдувањето има и во селата Маврово и Ниќифорово. Проблемите настанаа со лавините во регионот. Дополнителни проблеми создаде и влажниот снег кој се налепил на проводниците и предзвикал кинење на јажињата. Од утринава екипи на ЕВН Македонија се на терен и работат на воспоставување на редовното снабдување - изјави за МИА Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.

Ковачевски нагласи дека екипите се соочуваат со пристапноста до местата на дефекти, заради длабокиот снег и непроодноста, но се вложуваат напори и ангажирани се дополнителни средства и луѓе.згм/са/10:41

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Кумановскиот градоначалник даде отчет за сработеното

Една од капиталните инвестиции, според Димитриевски, ќе биде изградба на мултиетничка детска градинка која ќе згрижува 200 деца.

Средба на првите дами на Македонија и Турција

Иванова се заблагодарила за досегашната одлична соработка со ТИКА, со чија поддршка се реализирале проекти во Македонија.

Беса на Гаши ја обвини Беса на Касами за фалсификат

Од Беса на Касами одговорија дека нема да се занимава со клеветите на Орхан Муртезани и неговите шефови.

Двете сестри додека живееле во „25 Мај“ 89 пати исчезнале, преживеале и полов напад

Судот ги вратил децата на мајката, но надлежните не сакаат едно од девојчињата, кое се излечило од зависност, да се врати бидејќи нема услови.

Жбогар: Посетата на Јункер е порака самата по себе

Евроамбасадорот посочи дека вратите на ЕУ се отворени, а временската рамка е 2025 година до кога секоја земја може да ја стигне другата во прогресот.

НАЈЧИТАНИ