• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 71
Плусинфо11:40 14 февруари 2018 ● Прочитано 3863

„Best Sports and Performance Car” и „Нов автомобил на годината 2018”, дел од наградите и признанијата за Stelvio и Giulia

Италијанскиот производител Алфа Ромео со моделите Stelvio и Giulia ги освои најпрестижните награди во автомобилската индустријата. Возилата на Alfa Romeo се наменети за клиентите кои кои го надминуваат концептот на „корисно средство за превоз“ за да навлезат во светот на вистинската „возбуда“. Кај Alfa Romeo ова е сконцентрирано во еден збор: Страст.

Оставајќи ги конкурентите далеку зад себе, првиот SUV на Alfa Romeo, моделот Stelvio ја освои една од најпрестижните награди „Нов автомобил на годината 2018”. Наградата свечено беше доделена во Милано, на настанот Quattroruote Day, пред видни претставници од автомобилската индустрија и новинари.

Со освоени 34,2 отсто од вкупниот број на гласови дадени од читателите на магазинот Quattroruote што гласале на порталот на магазинот, првиот SUV на Alfa Romeo ги надмина навистина силните конкуренти од дури 12 модели од различни сегменти и брендови. Победата е уште повпечатлива кога ќе се земе во предвид големата разлика во бројот на освоените гласови помеѓу Stelviо и второ и трето пласираниот автомобил во изборот (со освоени 10 отсто и 9,2 отсто од гласовите).

Наградата „Нов автомобил на годината 2018“ ја потврдува неспорната привлечност на Stelviо за пошироката публика, пред се поради неговиот елегантен, спортски стил, комбиниран со врвна управливост и врвни перформанси. Инаку, моделот претставува врв на сигурност, ги поседува петте ѕвездички на Euro NCAP, и ја има титулата „најбрз SUV на писта" благодарение на рекордниот круг на Stelvio Quadrifoglio на легендарната германска патека во Нирбургринг.
Исто така, моделот Stelvio триумфираше и во инаугуралното издание на CCT100 Awards на Company Car Today, во категоријата на „Premium SUV”. Во оваа прилика Stelvio ја доби првата награда поради нискиот обем на емисии и неговата сериска опрема за безбедност, како и благодарение на неговиот елегантен и спортски стил и неговите извонредни карактеристики за возење.

Во рамките на изданието 2018 година, на наградата „What Car? Car of the Year” на британското списание What Car?, Alfa Romeo Stelvio доби и номинација во категоријата „Large SUV”.

Успехот на Giulia од минатата година се потврдува

Аlfa Romeo Giulia повторно е „Best Car 2018” според „Auto Motor und Sport”. Втора година по ред, мислењето на читателите на славното специјализирано списание „Auto Motor und Sport” не дозволува реплики, за нив новата Alfa Romeo Giulia е најдобриот автомобил од увоз во средна класа. Ова е резултат на гласањето за признанието „Best Car 2018″. За време на 42-то интернационално издание на изборот на читателите, Alfa Romeo Giulia доби вкупно 22,4 отсто од гласовите.
Читателите на 18 списанија од Европа и надвор од неа проценуваа за 385 модели во единаесет различни категории.
За време на „Car of the Year” на британското списание What Car? Моделот Giulia Quadrifoglio е избрана за „Best Sports and Performance Car”. Спортската лимузина беше оценувана од страна на тимот од експерти на секторот What Car?, победувајќи ја воинствената и докажана конкуренција. Титулата „Best Sports and Performance Car” е последната од една долга серија, Giulia всушност доби дури седум награди во секторот само во Велика Британија во текот на последниве 12 месеци. За време на настанот, Alfa Romeo Giulia доби номинација и во категоријата „Executive Saloon”.

Ова се само дел од престижните награди на врвните модели на Алфа Ромео, а тоа го потврдуваат и петте ѕвездички на EuroNCAP. Во иднина компанијата се стреми кон остварување на извонреден резултат и уште поголем број на признанија и награди во нивниот сегмент.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Американка ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл за нападите во Париз во 2015 година

Во тужбата се наведува дека таа била во кафуле во Париз каде беа убиени повеќе од 12 лица и оти е емотивно повредена.

Делови од ѕидот на Варшавското гето ќе станат споменик

Нацистите во 1943 година го уништиле гетото и поголем дел од ѕидот.

Уметничката колекција на Рокфелер оди на аукција

Колекцијата од утре до 8 март ќе може да се види во Лондон, а потоа ќе биде ставена на продажба во Њујорк од 7 до 11 мај.

Американец украл палец на глинен војник, Кина бара остра казна

Според судските документи, Роан на изложбата прво направил селфи со статуите, а потоа скршил палец од едната од нив и си заминал.

Јапонец доби старателство над 13 бебиња од девет сурогат мајки

Адвокатот на момчето вели дека тој самиот израснал во големо семејство, а поради лични и професионални причини, сака децата да растат во Јапонија.

НАЈЧИТАНИ