• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 71
Плусинфо11:59 14 февруари 2018 ● Прочитано 3001

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија, по повод објавувањето на новата верзија на прелистувачот Google Chrome, која ќе содржи вграден AdBlocker и автоматски ќе блокира рекламни банери кои не ги почитуваат стандардите, го издава ова соопштение со цел да ги запознае компаниите, огласувачите и издавачите со промените и трендовите кои што доаѓаат во самата индустрија.

Новата верзија на Chrome е најавена од страна на Google на 15-ти февруари.

Една од главните промени е тоа што огласни формати и на мобилен и на десктоп како банери и видеа со автоматско пуштање на звук и содржина, интро банери кои зафаќаат цела страна, поп-ап банери, банери кои бараат активност за да пристапите до содржините или бараат од посетителите да чекаат неколку секунди, од Google Chrome ќе бидат препознаени како огласни формати кои не се прифатени и ќе бидат блокирани. Една од најважните работи е тоа што според објавените информации од Google, доколку на сајт има и само еден банер кој спаѓа во несоодвените формати, сите банери (вклучувајќи ги и тие сервирани од рекламната мрежа на Google, AdSense) ќе бидат блокирани.

„Следејќи ги најавените промени од страна на Google дека од 15.02.2018 година интернет прелистувачот Chromе ќе блокира и нема да прикажува одредени формати на огласување кои се категоризирани како наметливи и непосакувани, а со цел подобро корисничко искуство и подобри огласни решенија, ИАБ Македонија Ве советува во иднина кога ќе се подготвувате за реализација на дигитална кампања во предвид да ги земете препораките објавени на страната на Coalition for Better Ads за огласни решенија достапни на следниов линк.” – вели претседателот на ИАБ Македонија, Борис Ефтимовски.

Оваа промена е значајна за сите онлајн медиуми, огласувачи и маркетинг агенции, како и за самите посетители. ИАБ Македонија ја поддржува оваа промена, бидејќи истата е поттикната со цел на подобрување на корисничкото искуство и ставање на барем малку ред во дигиталното огласување. Промената е поттикната од коалицијата Coalition for Better Ads во која членуваат едни од најголемите компании во светот како Google, Microsoft, Unilever, како и IAB, во чија глобална мрежа учествува и ИАБ Македонија.
Листа на форматите кои ќе бидат опфатени ќе пронајдете на следниов линк.

ЗА ИАБ МАКЕДОНИЈА

ИАБ Македонија е здружение за интерактивно огласување, посветено на развивањето и унапредувањето на дигиталното огласување во Македонија. Здружението е формирано од страна на повеќе дигитални и маркетинг агенции во Македонија, а има за цел да стане почитуван авторитет за дигиталните и интерактивните прашања на пазарот. Повеќе на: IAB.mk
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Се потрошија парите за субвенционирање печки на пелети

Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети.

За 30 отсто ќе се зголеми платата на шумските полицајци

Оваа мерка ќе биде имплементирана со првиот ребаланс на Буџетот во 2018 година, изјави Бошњаковски.

Во првата година МРТ ќе биде финансирана со 0,7 отсто од Буџетот

Суштинските измени што се предлагаат се однесуваат на изборот на управните тела и директори на МРТ и на АВМУ, изјави портпаролот на Владата.

Од 1 јуни директна авиолинија Варшава - Скопје

Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови.

Заев во Берлин: Германските компании во Владата имаат стабилен партнер

Премиерот Заев денеска во Берлин оствари средба со претставници на Германската комора за индустрија и трговија (ГКИТ).

НАЈЧИТАНИ