• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 71
Плусинфо12:08 14 февруари 2018 ● Прочитано 1448

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија формира специјална комисија која ќе ги анализира околностите под кои загинаа планинарите Калина Велевска и Александар Миновски.

Во соопштението објавено на нивната веб страницата се истакнува дека комисијата е составена од нивни членови и експерти кои по добивањето на сите релевантни податоци од надлежните институции во Македонија и Грција и официјалните податоци од организаторот на планинарската експедиција, ќе направат детална анализа.

- Од огромна важност за Федерацијата ќе биде да се направи темелна анализа за трагичниот настан. Болката и тагата за прерано згаснатите животи не може да се надомести со ништо, но вистината за трагичниот настан заслужува да ја знаат семејствата, планинарите и нашите членови. Во меѓувреме сакаме да се воздржиме од шпекулации и дезинформации за настанот, затоа што ваквите настани заслужуваат темелна и длабока анализа во соработка со сите надлежни институции, се вели во соопштението.

По добиените официјални информации и сознанија, ФПСМ ќе излезе со свој став за овој немил настан.

Семејствата за загинатите вчера преку писмо изразија сомневање во професионалноста на организаторите на турата и бараа одговорност.

Двајцата планинари загинаа при искачување на планината Кајмакчалан изминатиот викенд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Кумановскиот градоначалник даде отчет за сработеното

Една од капиталните инвестиции, според Димитриевски, ќе биде изградба на мултиетничка детска градинка која ќе згрижува 200 деца.

Средба на првите дами на Македонија и Турција

Иванова се заблагодарила за досегашната одлична соработка со ТИКА, со чија поддршка се реализирале проекти во Македонија.

Беса на Гаши ја обвини Беса на Касами за фалсификат

Од Беса на Касами одговорија дека нема да се занимава со клеветите на Орхан Муртезани и неговите шефови.

Двете сестри додека живееле во „25 Мај“ 89 пати исчезнале, преживеале и полов напад

Судот ги вратил децата на мајката, но надлежните не сакаат едно од девојчињата, кое се излечило од зависност, да се врати бидејќи нема услови.

Жбогар: Посетата на Јункер е порака самата по себе

Евроамбасадорот посочи дека вратите на ЕУ се отворени, а временската рамка е 2025 година до кога секоја земја може да ја стигне другата во прогресот.

НАЈЧИТАНИ