• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 71
МИА12:12 14 февруари 2018 ● Прочитано 4031

Со симболично предавање на клучот на градот од страна на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски на претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, официјално беше означен почетокот на годинашниве карневалски празнувања во Струмица.

- Со надеж дека ќе имаме уште едно успешно издание на карневалските свечености и со уверување дека Струмица повторно ќе ги отвори своите порти за добредојде на гостите од Македонија, Балканот, Европа и светот, со задоволство сакам да го предадам клучот на градот на струмичките карневалџии, кои во наредните осум дена ќе ја водат Струмица во насоката која сите ја посакуваме. Тие тоа го заслужуваат. Тоа го заслужува Струмичкиот карневал - рече градоначалникот Јаневски при обраќањето на свеченоста.

Претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, заблагодарувајќи се за гестот на локалната власт, на градоначалникот Јаневски му ја стави карневалската шапка на главата, со што, како што рече отсега и тој е дел од карневалџиите.

Покрај предавањето на клучот, кој градоначалникот на Струмица го донесе придружуван од мажоретки и од своите соработници, со звуците на химната на Струмичкиот Карневал беа кренати знамињата на Карневалот, градот Струмица, Република Македонија, ЕУ и Федерацијата на европските карневалски градови.

Вечерва со почеток во 18 часот со Детскиот маскенбал почнуваат маснифетациите на Струмичкиот карневал.

Во наредните осум дена најголемо внимание ќе привлече интернационалната карневалска вечер, која се одржува в сабота и на неа се очекува да учествуваат 41 групи со околу две илјади учесници.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

БЕРЛИНАЛЕ Главната програма – вистинско фијаско

Од филм во филм, наместо да станува подобра, селекцијата на филмови се покажува погубна.

Инкубатор – проект на Интерарт културен центар

Со поддршка од Швајцарската амбасада ќе им се овозможи на 22 млади луѓе под менторство на реномирани уметници да направат мултимедијален перформанс

Фред Фрит ќе настапи во Скопје

Фрит ќе настапи во Скопје во рамки на својата европска турнеја, а концертот е во организација на Скопскиот џез фестивал.

Ќе се бришат од регистарот сите незаконски запишани споменици и објекти од „Скопје 2014“

Владата денеска на седница ја усвои Националната стратегија за развој на културата 2018-2022 и Акцискиот план.

Алаѓозовски: Не прикриваме ништо, ниту одбегнуваме одговорност

Министерот додаде дека се подготвени да преземат и соодветни чекори на одговорност и дека побарале мислење од Антикорупциската, а се отворени и за ОЈО

НАЈЧИТАНИ