• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 73
Плусинфо12:36 14 февруари 2018 ● Прочитано 4108

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура и во соработка со Националната галерија на 16 февруари ќе го отвори 17-то издание на „Зимски салонв во Чифте Амам со почеток во 20 часот.

„Зимскиот Салон“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ е врвна ликовна манифестација и единствена од тој вид во нашата земја. Замислен и основан во 1991 година како ликовна посебност со свои правила и критериуми и прифатена во културниот живот со огромен интерeс и голема медиумска поткрепа. Денешната физиономија на „Зимскиот салон“ ги има задржано основните карактеристики: професионалност, строга селекција на учесници, квалитетен каталог и соодветна медиумска покриеност“, се вели во соопштението.

Почнувајќи од 2003 година, наградата „Гранд-При“ (престој во атељето на„Citè des Arts“ во Париз) ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија, а од 2006 година ДЛУМ вградува уште еден критериум а тоа е конкретна тема на „Зимски Салон“, со што ги ангажира уметниците на индивидуален творечки чин. Од 2009 година оваа манифестација прераснува во меѓународна.

Годинешниот „Зимски Салон“ е XVII по ред, селектор е српскиот историчар на уметност Никола Шуица, а зададената тема гласи „СПЕКТРАЛНИ МАСТА“.

На изложбата учество ќе земат Вана Урошеви и Зоран Тодовиќ, Исмет Рамиќевиќ, Тања Балаќ, Ангел Миов,Ирена Паскали, Катерина Таневска, Филип Фидановски, и многу други автори од земјава како и автори од странство меѓу кои Дерек Огбурн од Велика Британија, Андреа Иса од Германија , Иштван Хоркаи од Унгарија, Мерцедес Братош од Хрватска, Марија Ќалиќ од Србија и други.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

БЕРЛИНАЛЕ Главната програма – вистинско фијаско

Од филм во филм, наместо да станува подобра, селекцијата на филмови се покажува погубна.

Инкубатор – проект на Интерарт културен центар

Со поддршка од Швајцарската амбасада ќе им се овозможи на 22 млади луѓе под менторство на реномирани уметници да направат мултимедијален перформанс

Фред Фрит ќе настапи во Скопје

Фрит ќе настапи во Скопје во рамки на својата европска турнеја, а концертот е во организација на Скопскиот џез фестивал.

Ќе се бришат од регистарот сите незаконски запишани споменици и објекти од „Скопје 2014“

Владата денеска на седница ја усвои Националната стратегија за развој на културата 2018-2022 и Акцискиот план.

Алаѓозовски: Не прикриваме ништо, ниту одбегнуваме одговорност

Министерот додаде дека се подготвени да преземат и соодветни чекори на одговорност и дека побарале мислење од Антикорупциската, а се отворени и за ОЈО

НАЈЧИТАНИ