• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 71
Плусинфо12:32 14 февруари 2018 ● Прочитано 969

Центарот за дијализа Диамед Македонија, денес, на Универзитетската Клиника за Детски Болести донираше Vein Finder - апарат за полесно наоѓање на вени кај мали дечиња.

- Нашиот Центар одлучи да го купи овој апарат и да го донира за децата во оваа клиника. Токму во вакви здравствени институции треба да ја насочиме нашата љубов и хуманост. Постојат многу моменти кога медицинскиот персонал, буквално, се мачи да најде вена кадe што ќе ја аплицира иглата. Овој апарат помага при полесно пронаоѓање на вени кај дечињата, што секако користењето на овој апарат ќе значи големо олеснување и за нив и за родителите. Ние како општествена одговорна компанија и понатаму ќе наоѓаме начини да ги олесниме или намалиме трауматичните искуства кај оние што најмногу ги сакаме - вели Вера Иванова, директор на Центарот за дијализа Диамед Македонија.

За директорката на Универзитетската Клиника за Детски Болести, Катерина Ставриќ, овој уред ќе овозможи огромна помош на персоналот кој работи со децата.

- Апаратот ќе се користи во лабораториската амбуланта каде се зема крв за биохемиски испитувања кои се прават кај нашите пациенти. Бидејќи се работи за мобилен апарат, доколку има потреба ќе го користат и одделите во Клиниката. Со оглед на тоа дека се работи за пациенти со потешки дијагнози, кои честопати се дехидрирани и тешко се боцкаат, овој апарат е од голема помош за персоналот затоа што покажува каде е точно вената и на која длабочина. Од друга стран,а со детектирање на вените пред да бидат боцнати се намалува можноста од евентуално пребоцкувањеи со сето ова се намалуваат траумите кај децата. Благодарни сме на Диамед Македонија за донацијата. За нас и за наште пациенти ова значи навистина многу - вели Ставриќ.

Апаратот за полесно наоѓање вени Vein Finder ги исцртува вените и ги прави полесни за детекција, а со тоа и боцкањето е поедноставно и е ефикасно. Апаратот се користи кај возрасни и кај мали деца и е од особена помош кај пациенти кои се дехидрирани или примаат терапија за хронична болест. Апаратот чини околу 300.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Кумановскиот градоначалник даде отчет за сработеното

Една од капиталните инвестиции, според Димитриевски, ќе биде изградба на мултиетничка детска градинка која ќе згрижува 200 деца.

Средба на првите дами на Македонија и Турција

Иванова се заблагодарила за досегашната одлична соработка со ТИКА, со чија поддршка се реализирале проекти во Македонија.

Беса на Гаши ја обвини Беса на Касами за фалсификат

Од Беса на Касами одговорија дека нема да се занимава со клеветите на Орхан Муртезани и неговите шефови.

Двете сестри додека живееле во „25 Мај“ 89 пати исчезнале, преживеале и полов напад

Судот ги вратил децата на мајката, но надлежните не сакаат едно од девојчињата, кое се излечило од зависност, да се врати бидејќи нема услови.

Жбогар: Посетата на Јункер е порака самата по себе

Евроамбасадорот посочи дека вратите на ЕУ се отворени, а временската рамка е 2025 година до кога секоја земја може да ја стигне другата во прогресот.

НАЈЧИТАНИ