• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
МИА13:07 14 февруари 2018 ● Прочитано 4194

Издавачката куќа „Шкупи“ бара од Министерството за култура и надлежната комисија да ја коригира одлуката за доделување средства за издавачка дејност и да ја разгледа целокупната документација на сите 535 апликанти што добиле поддршка за да да се провери дали ги исполнуваат условите.

Директорот на „Шкупи“ Азам Даути на прес-конференција денеска рече дека се сомневаат дека 80 проценти од книгите на албански јазик кои добиле поддршка, не ги исполнуваат елементарните критериуми.

- Со жалење констатираме дека ниту оваа распределба на буџетските средства не помина без кршење и нарушување на критериумите кои се поставени од самото Министерство, како од аспект на избор и фаворизација на извесни издавачи, така и од аспект на избор на поддржани автори и од аспект на материјалната поддршка. Сето ова на крај резултираше со една невидена дискриминација на нашата издавачка куќа - рече Даути, кој пратил и отворено писмо до министерот Роберт Алаѓозовски.

За нив е неприфатливо што нивната издавачка програма од многу познати литературни автори не добила поддршка од министерството, а трите книги кои им се одобрени се поддржани, како што рече, со симболични и смешни суми.

- Средствата за издаваштво се доделени на неколку трговски и производни друштва, печатници, друштва за услуги, дури некои од нив се подржани со 9-10 наслови. На извесни физички лица им се доделени поголеми износи на средства во споредба со нашата издавачка куќа -  рече Даути.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

БЕРЛИНАЛЕ Главната програма – вистинско фијаско

Од филм во филм, наместо да станува подобра, селекцијата на филмови се покажува погубна.

Инкубатор – проект на Интерарт културен центар

Со поддршка од Швајцарската амбасада ќе им се овозможи на 22 млади луѓе под менторство на реномирани уметници да направат мултимедијален перформанс

Фред Фрит ќе настапи во Скопје

Фрит ќе настапи во Скопје во рамки на својата европска турнеја, а концертот е во организација на Скопскиот џез фестивал.

Ќе се бришат од регистарот сите незаконски запишани споменици и објекти од „Скопје 2014“

Владата денеска на седница ја усвои Националната стратегија за развој на културата 2018-2022 и Акцискиот план.

Алаѓозовски: Не прикриваме ништо, ниту одбегнуваме одговорност

Министерот додаде дека се подготвени да преземат и соодветни чекори на одговорност и дека побарале мислење од Антикорупциската, а се отворени и за ОЈО

НАЈЧИТАНИ