• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
Плусинфо13:21 14 февруари 2018 ● Прочитано 643

Искоренување на насислството врз децата, а под работен наслов „Агенда 2030 за децата: самит за изнаоѓање на решенија за искоренување на насилството“, е тема на глобалниот самит во Шведска, на кој на покана на Кралството, ќе учествува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што соопшти МВР, денес и утре високи претставници од речиси сите земји членки на Обединетите нации, како и претставници на УНИЦЕФ, Светската здравствена организација и повеќе реномирани меѓународни невладини и други организации, ќе дебатираат за изработка на концизна стратегија за конечно искоренување на насилството врз децата.

Македонија како потписник на Конвенцијата за правата на детето и повеќедецениски партнер на УНИЦЕФ, во рамки на правниот систем имплементираше низа законски и подзаконски акти во насока на заштита на децата и унапредување на нивните права, вклучително и преку Законот за правда на децата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Кумановскиот градоначалник даде отчет за сработеното

Една од капиталните инвестиции, според Димитриевски, ќе биде изградба на мултиетничка детска градинка која ќе згрижува 200 деца.

Средба на првите дами на Македонија и Турција

Иванова се заблагодарила за досегашната одлична соработка со ТИКА, со чија поддршка се реализирале проекти во Македонија.

Беса на Гаши ја обвини Беса на Касами за фалсификат

Од Беса на Касами одговорија дека нема да се занимава со клеветите на Орхан Муртезани и неговите шефови.

Двете сестри додека живееле во „25 Мај“ 89 пати исчезнале, преживеале и полов напад

Судот ги вратил децата на мајката, но надлежните не сакаат едно од девојчињата, кое се излечило од зависност, да се врати бидејќи нема услови.

Жбогар: Посетата на Јункер е порака самата по себе

Евроамбасадорот посочи дека вратите на ЕУ се отворени, а временската рамка е 2025 година до кога секоја земја може да ја стигне другата во прогресот.

НАЈЧИТАНИ