• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:39 14 февруари 2018 ● Прочитано 4455

Македонската филхармонија ќе прати приговор до Комисијата за музичко-сценска дејност при Министерството за култура за направени пропусти во одобрувањето средства за, како што наведува, „непостоечки проекти во програмата на институцијата“.

Одлуката денеска на вонредна седница ја донел нејзиниот Управен одбор (Бранка Костиќ-Марковиќ - претседател, и членовите: Фросина Балова, Лада Шоптрајанова-Петровска и Александар Стојчески), на која присуствувал и в.д. директорот Виктор Илиески.

Приговорот ќе биде пратен поради, како што соопштуваат во дописот, констатираните разлики меѓу усвоената годишна програма на Македонската филхармонија од страна на Управниот одбор на установата и објавените резултати од Конкурсот на Министерството за култура за проекти од национален интерес во културата во 2018 година.

По објавувањето на Програмата со прифатени проекти на 10 февруари, реагираа и други поединци и институции од различни дејности кои не се задоволни од начинот на распределба на средствата.

Се огласи и директорот на Скопскиот џез-фестивал Оливер Белопета кој на социјалните мрежи, меѓу другото, напиша: „...нема дилема дека Годишната програма и порано сакала да се додворува на што повеќе корисници, со крајна цел прибирање повеќе изборни гласови (потврдено како бумеранг). Последицата е надвладување на квантитетот, а неквалитетот. Тоа е уравниловка која раѓа незадоволство кај мнозинството“.

Најмногу рекации во музичката поддршка се кренаа за доделените 300.000 денари за 12-годишниот Виган Максути од Тетово, на што Министерството за култура пред два дена одговори дека е направена техничка грешка што ќе се коригира со повторно разгледување на апликацијата 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Марко Мицов во главна улога во „Рубини“ на Баланшин во Балетот во Сан Антонио

Изведбата била на 16 февруари на 51-вата годишнина од делото кое се смета за култно во балетската уметност.

БЕРЛИНАЛЕ Главната програма – вистинско фијаско

Од филм во филм, наместо да станува подобра, селекцијата на филмови се покажува погубна.

Инкубатор – проект на Интерарт културен центар

Со поддршка од Швајцарската амбасада ќе им се овозможи на 22 млади луѓе под менторство на реномирани уметници да направат мултимедијален перформанс

Фред Фрит ќе настапи во Скопје

Фрит ќе настапи во Скопје во рамки на својата европска турнеја, а концертот е во организација на Скопскиот џез фестивал.

Ќе се бришат од регистарот сите незаконски запишани споменици и објекти од „Скопје 2014“

Владата денеска на седница ја усвои Националната стратегија за развој на културата 2018-2022 и Акцискиот план.

НАЈЧИТАНИ