• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
МИА14:09 14 февруари 2018 ● Прочитано 2502

Најголемата ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо побара од навивачите безусловна поддршка кон него и неговите соиграчи за време на вечерашниот важен дуел (почеток 20:45 часот) со Пари Сен Жермен.

Средбите од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против францускиот гигант се едни од најважните за тимот во сезоната, откако Реал одамна ги загуби шансите за трофејот во домашното првенство, а елиминиран е и од купот.

- Не очекува многу важен натпревар против одличен тим. Она за што јас и моите соиграчи ве молиме, е да ни ја дадете вашата безусловна поддршка, како и секогаш. Заедно ќе бидеме многу посилни, апелира Роналдо.

Обраќањето на Кристијано Роналдо доаѓа само неколку дена откако тој изрази разочарување од навивачите поради тоа што дел од нив го исвиркаа Карим Бензема за време на победата од 5:2 над Реал Сосиедад. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Мурињо пред дуелот со Севиља: Не ми прави разлика кој е фаворит

Вечерва „црвените ѓаволи“ гостуваат на „Рамон Санчез Писхуан“, каде, според „Специјалниот“, се игра многу тешко.

Ким Џонг-ун договори трансфер на напаѓач во Јувентус

Деветнаесет годишниот напаѓач на Каљари е баран од Тотенхем и Ливерпул, но Ким Џонг-ун му препорачал да продолжи да игра во Италија.

Пандев можеби ќе се пензионира

Во јуни ќе одлучам дали ќе продолжам со мојата кариера или не, рече фудбалерот.

Барса речиси секогаш продолжува напред по 1:1 како гостин во елиминациската фаза

Челзи, исто така, може да биде задоволен бидејќи „сините“ одат во следната фаза во три од пет случаи по нерешено 1:1 во првиот дуел од елиминациите.

Вечер на рекорди во Минхен

За Баерн, тоа беше 62-ри последователен меч во кој тимот не изгуби по гол на Томас Милер.

НАЈЧИТАНИ