• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 73
Плусинфо15:25 14 февруари 2018 ● Прочитано 3936

По пауза од три години, човекот кому не му се потребни никакви атрибути и суперлативи во најавата - Ѓорѓе Балашевиќ, доаѓа да одржи концерт на 19 мај, во 20 часот, во ВИП-арената „Борис Трајковски“.

Како и секогаш, се очекува салата да биде преполна со обожавателите на Џоле, не само од Македонија, туку и од цела поранешна Југославија. Во рамките на последната турнеја, во која во рекордно време се распродадоа сите арени во регионот: загрепската, белградската, „Зетра“ во Сарајево, „Спенс“ во Нови Сад и други, „Авалон продукција“ се потруди да го донесе Балашевиќ во Скопје, со желба убавите денови во 2018 година да бидат помногубројни од просечните.

Балашевиќ во изминатиот период ја објави својата нова книга продолжение на „Календар мог детинства“, како и фантастичната нова песна „Дно дна“.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба на 15 февруари во 9 часот , преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија и онлајн, по следните цени и категории: 700 денари партер (стоење), 900 денари трибини (блок 1 и 15), 1.000 денари трибини (блок 2, 5, 6, 7, 9, 10, 11 и 14) и 1.200 денари „златни седишта“ (блок 4, 8 и 12).
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тони Брекстон: Се свршив!

Брекстон (50) и Бирдмен (49) за првпат заедно во јавност се појавија во 2016 година на наградите БЕТ.

Џеј Зи дал 11.000 долари бакшиш за сметка од 100.000 долари

Повеќето обожаватели на социјалните мрежи се воодушевуваат на бакшишот што го оставил раперот, додека други коментирале дека напојницата е премала.

„Бонд 25“ ќе го режира човекот што ги стокми ЛОИ во Лондон?

Извори за „Варајати“ ја потврдиле оваа информација, но се напоменува дека сè уште нема официјална потврда за ангажман на Бојл.

Кралицата Елизабета до Ана Винтур на модна ревија во Лондон

По завршувањето на ревијата серија критики беа упатени кон Винтур за тоа што ги задржала очилата за сонце додека комуницирала со Кралицата.

Мадона уште еднаш на операција за подмладување (ВИДЕО)

Виљушките со кои козметичарката ѝ го разубавуваше лицето на пејачката, изгледаа прилично остро и опасно.

НАЈЧИТАНИ