• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо15:28 14 февруари 2018 ● Прочитано 4179

Три месеци од смртта, телото на Чарлс Менсон уште е во Калифорнија, а најмалку четири лица тврдат дека тие треба да го преземат за да го погребаат. Двајца од нив се роднини на Менсон, а другите двајца тврдат дека го имаат неговиот валиден тестамент. Околу телото на Менсон тие водат правни битки.

Во средина на овој спор е полковничката канцеларија во Керн, каде што телото се чува од 19 ноември. Менсон почина во затворот каде што отслужуваше доживотна казна по убиството на седум луѓе во 1969 година.

Џејсон Фримен тврди дека е внук од син на Менсон, кој бил во краток брак со неговата баба, по што се родил татко му Чарлс Јуниор.

Неговиот татко го сменил презимето кога дознал дека е роднински поврзан со убиецот, тврди Фримен. Тој смета дека како единствен внук, треба да го добие телото на својот дедо. Мајкл Брунер е син на една од следбеничките на Менсон, која имала афера со него, по што е роден Мајкл. Тој тврди дека е единствено живо дете на Чарлс. Колекционер и непотврден син - Метју Робертс тврди дека е непризнаен син на Менсон. Бенџамин Гурецки, пак, е колекционер на предмети, кој тврди дека го има и изводот на Робертс, зачнат на оргија. Тие двајца водат заеднички спор за телото на осуденикот.

Четвртиот спор го води пријател на Чарлс Менсон, Мајкл Ченелс, кој со години го негува култот кон Менсон.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Отишол на трансплантација, си заминал со две срца

Во операцијата која траела седум часа новиот орган бил сместен меѓу срцевата кеса и старото срце на 55-годишниот пациент.

Американско пиво со вкус на солзавец

Необичното пиво содржи бибер-спреј, главната состојка на солзавецот. Во едно шише ќе има 750 мл пиво, а во продажба ќе бидат пуштени само 200 шишиња.

Во акцијата „Атина“ запленети повеќе од 40.000 вредни предмети низ целиот свет

Покренати се 200 истраги, а уапсени се 53 лица во 81 земја.

Американка ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл за нападите во Париз во 2015 година

Во тужбата се наведува дека таа била во кафуле во Париз каде беа убиени повеќе од 12 лица и оти е емотивно повредена.

Делови од ѕидот на Варшавското гето ќе станат споменик

Нацистите во 1943 година го уништиле гетото и поголем дел од ѕидот.

НАЈЧИТАНИ