• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
Плусинфо15:25 14 февруари 2018 ● Прочитано 4686

Сенаторите во Холандија одобрија нов закон на 13 февруари, со кој сите полнолетни граѓани стануваат потенцијални донори на органи, освен ако изрично не изјават дека не се согласуваат со тоа.

Според новата легислатива, секое возрасно лице автоматски се впишува во регистарот на донори на органи доколку не се спротивстави на одлуката. Парламентот го изгласал новиот закон со 38 гласа „за“ наспроти 36 гласа „против“.

Според новиот систем, што е сличен со законите во Шпанија, од него ќе се бара да одговори дали сака неговите органи да бидат донирани по смртта.

Граѓаните ќе имаат можност да одговорат со „да“, „не“ или „одредена личност ќе одлучи“. Секој Холанѓанец ќе добие две такви писма, а доколку не одговори во рок од шест седмици по добивање на второто писмо, автоматски ќе биде додаден на листата на донори. Сепак, во кој било момент граѓаните ќе имаат можност да го променат тој статус.

Поддржувачите на законот велат дека промените се во полза на решавање на проблемот со донирање органи во државата. Во првата половина на 2016 година во Холандија починале 57 лица додека чекале нов орган.

Инаку, Шпанија и понатаму е глобален лидер кога е во прашање донирањето органи, што е позиција што ја држи веќе со години. Според податоците на шпанското Министерство за здравство, бројот на донори во 2017 година се зголемил за повеќе од 8 отсто. Во текот на годината во Шпанија се пресадени рекордни 5.259 органи, најмногу бубрези и црни дробови.

Од Холандската фондација за бубрези, законот го нарекле тотален пресврт за пациентите што се на листите за чекање.

- Стотици пациенти ќе си ги вратат своите животи и слободата - изјавил Том Остром, директор на фондацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Американка ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл за нападите во Париз во 2015 година

Во тужбата се наведува дека таа била во кафуле во Париз каде беа убиени повеќе од 12 лица и оти е емотивно повредена.

Делови од ѕидот на Варшавското гето ќе станат споменик

Нацистите во 1943 година го уништиле гетото и поголем дел од ѕидот.

Уметничката колекција на Рокфелер оди на аукција

Колекцијата од утре до 8 март ќе може да се види во Лондон, а потоа ќе биде ставена на продажба во Њујорк од 7 до 11 мај.

Американец украл палец на глинен војник, Кина бара остра казна

Според судските документи, Роан на изложбата прво направил селфи со статуите, а потоа скршил палец од едната од нив и си заминал.

Јапонец доби старателство над 13 бебиња од девет сурогат мајки

Адвокатот на момчето вели дека тој самиот израснал во големо семејство, а поради лични и професионални причини, сака децата да растат во Јапонија.

НАЈЧИТАНИ