• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо15:31 14 февруари 2018 ● Прочитано 4429

Херојот познат како Црниот пантер мора да ги здружи силите со агентот на ЦИА Еверет К. Рос и членовите од Дора Милаје, специјалните сили на Ваканда, за да ја оттргнат Ваканда од граѓанска војна, говори новата хит филмска приказна што од 15 февруари игра во кино „Синеплекс“.

Психолошкиот трилер „Берлински синдром“, пак, на режисерката Кејт Шортланд, е базиран на истоимениот роман на писателката Мелану Џустен. На овој филм може да гледаме како на чудна љубовна приказна, во која се мешаат фантазијата, страста и авантурата, и која на крајот се претвора во хорор.

Сите што го сакаат познатиот краткометражен филм „Малиот влекач“, ќе уживаат и во долгометражното остварување „Малиот брод: Спасител“, кој исто така на 15 февруари пристигнува во „Синеплекс“. Тоа е оригинална норвешка приказна за малото бротче спасител од едно приморско гратче, кој е унапреден во главен спасувачки брод во големото пристаниште и кој го спасува светот со помош на неговите стари пријатели.

Овој анимиран филм е одличен за целото семејство, особено за најмладата публика, бидејќи е синхронизиран на македонски јазик и ни носи универзална порака наменета за сите генерации.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Марко Мицов во главна улога во „Рубини“ на Баланшин во Балетот во Сан Антонио

Изведбата била на 16 февруари на 51-вата годишнина од делото кое се смета за култно во балетската уметност.

БЕРЛИНАЛЕ Главната програма – вистинско фијаско

Од филм во филм, наместо да станува подобра, селекцијата на филмови се покажува погубна.

Инкубатор – проект на Интерарт културен центар

Со поддршка од Швајцарската амбасада ќе им се овозможи на 22 млади луѓе под менторство на реномирани уметници да направат мултимедијален перформанс

Фред Фрит ќе настапи во Скопје

Фрит ќе настапи во Скопје во рамки на својата европска турнеја, а концертот е во организација на Скопскиот џез фестивал.

Ќе се бришат од регистарот сите незаконски запишани споменици и објекти од „Скопје 2014“

Владата денеска на седница ја усвои Националната стратегија за развој на културата 2018-2022 и Акцискиот план.

НАЈЧИТАНИ