• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 73
МИА16:36 14 февруари 2018 ● Прочитано 3332

Изградбата на автопатот Блаце - Скопје била една од темите на денешната средба во Скопје на министерот за економија Крешник Бектеши со косовскиот министер за иновации и претприемништво Бесим Бекај.

Министерот Бектеши во изјава за медиумите рече дека за овој проект вчера на седница на Влада поминала информацијата за автопатот и заклучокот неговата изградба да почне следната година.

Косовскиот министер Бекај, од своја страна рече дека го запознал Бектеши со одлуката на косовската Влада за изградба на автопатот до границата со Македонија.

- Во интерес на двете страни е тој автопат да се изгради во двете држави. Од тоа ќе имаат придобивки граѓаните и бизнисмените од двете држави - рече Бекај.

Во однос на унапредување на деловните врски на бизнисите од двете земји, како што истакна Бектеши, било договорено да се одржи седница на Мешовитиот комитет на која ќе стане збор за различни теми од областа на економијата. Зборувале и за трговската размена за која министерот за економија оцени дека може уште да расте.

Бекај, пак, оцени дека економската соработка меѓу двете земји е одлична. Додаде дека на средбата станало збор и за подготовката на наредниот состанок на двете влади, што посочи, ќе биде добра можност двете држави да ја продлабочат соработка и преку потпишување нов договор во сферата на претприемништвото и иновациите на предлог на косовската страна.

Министерот Бектеши го информирал гостинот од Косово и за новите мерки кои произлегуваат од планот за економски раст што веќе се презентирани пред јавноста, укажувајќи на можностите со законското решение кое се подготвува за поддршка на странските и домашните инвститори.

- За меѓусебната соработка со Косово, со мерките од Планот посебно очекуваме ефекти во делот на инвестиции и на регионалната соработка, што ќе биде од корист за двете држави - изјави министерот Бектеши.

Македонија и Косово во првиот квартал на оваа година се очекува да ја одржат и четвртата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка, а во постапка на подготовка е и меморандумот за соработка за контрола на стратешки стоки, кој по финализирањето од двете страни, ќе биде потпишан од ресорните министри.

Билатералната трговска размена со Косово, лани во однос на 2016 година е зголемена за 11,4 проценти, а годинава за шест проценти.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ГСОЛ останува на ветеното од вчерашниот договор, Нова Логистик го отфрли предлогот

ГСОЛ останува на сето она што беше договорено и ветено вчера, со цел да се помогне на транспортерите.

Се потрошија парите за субвенционирање печки на пелети

Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети.

За 30 отсто ќе се зголеми платата на шумските полицајци

Оваа мерка ќе биде имплементирана со првиот ребаланс на Буџетот во 2018 година, изјави Бошњаковски.

Во првата година МРТ ќе биде финансирана со 0,7 отсто од Буџетот

Суштинските измени што се предлагаат се однесуваат на изборот на управните тела и директори на МРТ и на АВМУ, изјави портпаролот на Владата.

Од 1 јуни директна авиолинија Варшава - Скопје

Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови.

НАЈЧИТАНИ