• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 71
МИА18:51 14 февруари 2018 ● Прочитано 1345

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, денеска во Софија во присуство на премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов го потпишаа Протоколот за размена на ратификациските документи, со што и официјално во сила стапи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.

- Имаме шанса со исправена глава да чекориме напред. Мислам дека со овој пример, во кој за неколку месеци успеавме еден ваков пресврт да направиме, даваме на некој начин и надеж и храброст дека Балканот е Европа. И се надеваме дека оваа позитивна енергија ќе ги зарази и другите прашања коишто сѐ уште не се затворени - рече по потпишувањето Димитров.

Министерката Захариева истакна дека резултатите од овој договор се видливи уште пред да стапи во сила. Со него, истакна таа, покажавме дека сами можеме да ги решаваме проблемите.

- Резултатите од договорот се видливи - раст на стоковата размена од 11 и на туризмот од 10 проценти - изјави министерката Захариева.

Ваквиот позитивен пример, смета и премиерот Борисов, треба да го следат сите на Балканот.

- Ако Скопје и Атина бидат храбри, а нашите пријатели Ципрас, Мицотакис и Заев најдат заедничко решение за спорот за името во наредните месеци нештата ќе се развиваат во насока многу добра за сите. Ние сега можеме да стискаме палци за да се реши спорот. Бугарија ќе биде само конструктивна - рече Борисов.

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.

Со ова практично завршува формалната постапка за стапување на Договорот во сила, по неговата ратификација во македонското Собрание на 15 јануари и на бугарскиот Парламент три дена подоцна.

Договорот е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете МНР и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година.

Димитров од денеска престојува во работна посета на Софија, каде освен со Захариева се сретна и со претседателот на Бугарија, Румен Радев и премиерот Бојко Борисов.

Тој од утре ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Состојбата во Западен Балкан, со акцент на евроинтегративниот процес на регионот, како и ситуацијата во Сирија и Северна Кореја, ќе бидат темите на кои ќе се дискутира на сесиите на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската унија (Гимних), што утре и задутре ќе се одржи во Софија.

Домаќин на состанокот е бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

На неформалниот состанок ќе учествува и високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, шефовите на диломатиите на 28-те земји-членки, како и министрите за надворешни работи на петте земји кандидатки од регионот Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

Гимних е дворец во западниот дел на Германија, кој беше гостинска куќа на владата на некогашна Западна Германија. Тоа е местото каде се одржа првиот неформален состанок на шефовите на дипломатиите од ЕУ во 1974 година.

Овие состаноци се неформални, а учесниците имаат можност да дискутираат за актуелни прашања, но по дебатите не се усвојуваат декларации или формални заклучоци. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Кумановскиот градоначалник даде отчет за сработеното

Една од капиталните инвестиции, според Димитриевски, ќе биде изградба на мултиетничка детска градинка која ќе згрижува 200 деца.

Средба на првите дами на Македонија и Турција

Иванова се заблагодарила за досегашната одлична соработка со ТИКА, со чија поддршка се реализирале проекти во Македонија.

Беса на Гаши ја обвини Беса на Касами за фалсификат

Од Беса на Касами одговорија дека нема да се занимава со клеветите на Орхан Муртезани и неговите шефови.

Двете сестри додека живееле во „25 Мај“ 89 пати исчезнале, преживеале и полов напад

Судот ги вратил децата на мајката, но надлежните не сакаат едно од девојчињата, кое се излечило од зависност, да се врати бидејќи нема услови.

Жбогар: Посетата на Јункер е порака самата по себе

Евроамбасадорот посочи дека вратите на ЕУ се отворени, а временската рамка е 2025 година до кога секоја земја може да ја стигне другата во прогресот.

НАЈЧИТАНИ