• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо18:57 14 февруари 2018 ● Прочитано 6864

Градот Скопје сака да им појасни на граѓаните дека во согласност со законот за даноците на имот, секој даночен обврзник добива решение за плаќање годишен данок на имот и комунална такса фирмарина до 31 март во тековната година. Решението се плаќа на тримесечни рати до крајот на годината или во рок од 15 дена по добивањето на решението.

По истекот на годината во која требало да се плати данокот на имот и фирмарината, Град Скопје испраќа опомени за неплатен данок на имот и фирмарина до физичките и правните лица (даночните обврзници).

Откако ќе помине рокот во кој требало да се изврши наплата на данокот на имот и фирмарината по доставената опомена, Град Скопје изготвува решение за присилна наплата до физичките и правните лица (даночните обврзници), а доколку по решението за присилна наплата не е извршена уплата на даночната обврска се изготвува решение за блокада на сметка по банките.

По објавеното соопштение до јавноста од Град Скопје, испратено на 29.01.2018 година, дека постапката за присилна наплата на данокот на имот за 2016 година е во тек со цел да се избегне непотребното блокирање на трансакциските и жиро-сметките, и по апелот обврзниците уште еднаш да си ги проверат и подмират уплатите за 2016 година, Градот Скопје изготви решенија за блокада на сметките на даночните обврзници што не ги подмирија даночните обврски.

Градот Скопје сака да нагласи дека секое физичко или правно лице кое што смета дека погрешно му е блокирана сметката во банка може да дојде во просториите на Град Скопје, во бараката со број 16 или на сајтот на Град Скопје (www.skopje.gov.mk) да пријави проблем, по што службите ќе го разгледаат нивното барање и соодветно ќе одговорат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

На околу 50.000 квадрати депонии ќе никне трева

Површината за уредување е на 14 локации, за кои Градот Скопје ќе вложи околу 38,1 милиони денари.

Повеќе градби на периферија, наместо во „јадрото“ на Карпош

Планската урбанизација подразбира „ослободување“ на урбаното јадро од нови градби и нивно пренесување во делови како Бардовци и Злокуќани.

Ќе се испитува потребата од жичница од Козле до Средно Водно

Град Скопје и две министерства треба да донесат соодветна одлука за целисходноста на овој проект.

Зграда ќе „проголта“ уште еден парк во Карпош

поред ДУП Градска четврт 3 08 е планирано да се изгради станбен објект, со што ќе се уништи зеленилото и ќе се исечат петнаесетина дрва.

Проект на Карпош - Патоказ кон идната професија

Средношколците во летниот период ќе имаат пракса, која натаму ќе им помогне да направат полесен избор при продолжување со високото образование.

НАЈЧИТАНИ