• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА19:05 14 февруари 2018 ● Прочитано 2864

Аргентинските власти објавија награда од 4,9 милиони долари за информација што ќе помогне за пронаоѓање на подморницата АРА Сан Хуан која исчезна на 15 ноември минатата година откако со 44 членови екипаж го напушти градот Ушуаја на југ во Аргентина.

Соопштението за наградата е објавено денеска на сајтот на Министерството за одбрана.

Наградата ќе му припадне на лице кое ќе достави информација и добри податоци што ќе овозможат пронаоѓање на точната локација на подморницата. Аргентинската морнарица на 30 ноември ја прекина спасувачката акција, но потрагата за подморницата продолжува. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Амбасадата на САД разочарана од изјавата на Рама

Американската Амбасада ја оцени изјавата на Рама како „невнимателна реторика“.

Масовни протести во САД за промена за законот за оружје

Се бара итна ревизија на Законот за да запре крвопролевањето по училиштата.

Почина најпознатиот американски проповедник Били Грејем

Грејем беше и советник на претседателите на САД - Двајт Ајзенхауер и Џорџ Буш помладиот.

Обама му е виновен на Трамп за главоболките со Русија

Трамп и претходно го критикуваше Обама дека не направил доволно за да го спречи мешањето на Русија.

Автобуска несреќа во Перу, 25 мртви

Несреќата се случила рано изутрина, во близина на провинцијата Камана.

НАЈЧИТАНИ