• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА19:10 14 февруари 2018 ● Прочитано 4385

Излезе од печат првото џебно издание на афоризми во земјава, во кое на 325 страници се поместени 1.300 афоризми на познатиот афористичар Миле Ѓорѓијоски.

Џебното издание афоризми е во издание на издавачката куќа „Унистар Велес“, по наслов „Утрински афоризми“. Афористичарот Миле Ѓорѓијоски истакнува дека во ова издание се поместени афоризмите кои биле објавувани во викенд изданијата на „Утрински весник“, дел од нив се награувани на многу фестивали во земјава и странство.

- Се одлучив за џебно изание од практични причини. Афоризмот е популарен и може да се чита и во автобус и во такси или додека чекате по канцеларии. Афоризмите беа популарни во викенд изданијата каде оставија посебен белег на овие изданија. Книгата е колку една дланка, а на страниците има сместено по четири или пет афоризми, исто како и кај книгите со стандардна димензија - рече Ѓорѓијоски.

Илустрациите се на Иваило Цветков, Бугарија и Блаже Докуле и Миро Георгиевски, Македонија. Кориците на Миро Георгиевски Македонија, Изборот на афоризми е на Валентина Тодорова, а рецензенти Иван Бојаџиски, Ерол Ризаов, Васил Толевски и Милован Стефановски.

Деновиве од печат треба да излезе уште една книга афоризми на Ѓорѓијоски „Одиме на Венера“ која претставува збирка на најновата продукција од овој автор. Во оваа книга за прв пат ќе има детски афоризми што е иноватиовен дел, бидејќи досега нема книга издаена со детски афоризми.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Марко Мицов во главна улога во „Рубини“ на Баланшин во Балетот во Сан Антонио

Изведбата била на 16 февруари на 51-вата годишнина од делото кое се смета за култно во балетската уметност.

БЕРЛИНАЛЕ Главната програма – вистинско фијаско

Од филм во филм, наместо да станува подобра, селекцијата на филмови се покажува погубна.

Инкубатор – проект на Интерарт културен центар

Со поддршка од Швајцарската амбасада ќе им се овозможи на 22 млади луѓе под менторство на реномирани уметници да направат мултимедијален перформанс

Фред Фрит ќе настапи во Скопје

Фрит ќе настапи во Скопје во рамки на својата европска турнеја, а концертот е во организација на Скопскиот џез фестивал.

Ќе се бришат од регистарот сите незаконски запишани споменици и објекти од „Скопје 2014“

Владата денеска на седница ја усвои Националната стратегија за развој на културата 2018-2022 и Акцискиот план.

НАЈЧИТАНИ