• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо19:28 14 февруари 2018 ● Прочитано 2301

Асоцијацијата на активисти за права на животните (ААПЖ) бара од македонските надлежни служби да се инволвираат во случајот кој беше отворен во Германија, кога службата за ветеринарство и контрола на храна во Бергиш, Германија, на периферијата на Вупертал, во напуштен објект со ужасни услови пронајде 54 кучиња и 3 мачки, од кои 33 кучиња од Македонија.

Германскиот весник „Билд“ пренесе страотни фотографии направени на лице место, каде што се гледа дека животните биле чувани во услови под секое достоинство, а голем број од нив се болни, изнемоштени, имаат заразни болести, тумори и паразити.

„Бараме од Агенцијата за храна и ветеринарство да стапи во контакт со германските колеги, за да се утврди дали станува збор за нелегален канал за „извоз“ на кучиња во Германија, кои се посредниците кои го овозможуваат ова и дали испраќањето на животни од Македонија во други држави се прави во согласност со законските прописи. Во случајов не станува збор за предмети кои се извезуваат од држава во држава. Станува збор за живи суштества и секој кој одлучил дека ним треба да им се бара дом во европските држави треба да биде осигуран дека животното е здраво, дека ќе се чува во соодветни услови и дека потоа истото ќе заврши во дом каде што ќе му биде пружена љубов, сигурност и безбедност.

Разбираме дека на голем број улични кучиња и мачиња, особено оние со физички хендикеп, во Македонија не можат да им се најде соодветен дом. Со вакви случаи многупати сме се соочувале и ние, кога едноставно сме биле принудени да им бараме дом надвор од Македонија. Но, останува фактот дека за да се испрати едно животно надвор од државата, треба да бидеме стопроцентно сигурни дека животното ќе заврши во вистински раце, односно првично треба да се стапи во контакт со здружението во другата држава која ги презема животните, да се провери преку повеќе канали дали тоа здружение работи според пропишаните закони и стандарди, а дури
откако ќе се стекне доверба, да се премине кон процедурата на вдомување.

Со ваквото постапување на одредени поединци, се докажа дека голем број животни се испраќаат во смрт, а се губи и довербата кај оние што одвојуваат од сопствен џеб и донираат мислејќи дека им помагаат на животните.

За да не доаѓа до вакви несакани настани во иднина, ги предупредуваме сите љубители на животни да внимаваат кому донираат пари за животни и да ја следат трагата на животните за кои донираат. Ги замолуваме сите оние кои донираат, тоа да го прават исклучиво преку официјално регистрирани здруженија во земјава, а не преку поединци.

Во меѓувреме, очекуваме македонските служби да се вклучат во расчистувањето на овој случај, за да не се дозволи повеќе животни од Македонија да се испраќаат надвор од државата за да умираат бавно, а некој од тоа да профитира. Поентата не е да се најде дом за напуштените животни по секоја цена – поентатата е да се најде соодветен дом, каков што секое животно, без разлика дали е улично, напуштено или болно, заслужува да има“, се наведува во реакцијата на Асоцијацијата.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Според Раша тудеј, Меркел денеска се сретнала со Иванов (ВИДЕО)

И покрај тоа што поминаа неколку часа од завршувањето на прес конференцијата, во насловот сѐ уште стои дека Меркел се сретнала со Иванов.

Индекс за перцепција на корупција: Македонија најлошо рангирана од Западен Балкан

Најдобро рангирана земја во светот е Нов Зеланд, следена од Данска и Финска, а перцепцијата за корупција е најголема во Сомалија.

Заев за Дојче Веле: 2018. може да биде историска година за Македонија

Членството во НАТО и датумот за преговори со ЕУ ќе значат живот за Македонија, рече премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле.

СЛОБОДЕН УДАР Кул е друг да одговора

Министерката, за тоа што го прикривала, вчера одговараше на суд, кривично. Тоа што министерот не прикрива не е доволно за да не одговара правично.

Штајнмаер: Решение на спорот со Грција ќе даде позитивен импулс за целиот регион

Германските компании што основаа свои фабрики во Република Македонија, отворија речиси 20 илјади работни места.

НАЈЧИТАНИ