• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА19:40 14 февруари 2018 ● Прочитано 4324

Кинеската технолошка компанија „ЕХанг Инк“. го претстави првиот дрон на светот, кој може да превезува луѓе. Такси дронот „ЕХанг 184“ својата промоција ја имаше во јужнокинескиот град Гвангжу, и станува збор за беспилотно летало, објави Јуроњус.

За да се возат во тоа такси, патниците не мора да знаат да управуваат со него. Меѓутоа, оние кои имаат искуство со пилотирање, сепак можат да летаат користејќи ги и рачните команди.

- Ниту едно од досегашните летечки возила не може да овозможи целосно самостоен лет, така што се уште се далеку од (превоз на) обични луѓе. Но, нашиот успешен лет денеска покажа дека сцените од научно-фантастичните филмови се многу блиску до обичните луѓе, изјави директорот на „ЕХанг“, Ху Хуажи.

На тест летовите биле ангажирани над 150 инженери, кои тестирале, меѓу другото, и вертикално подигнување товар од 230 килограми и забрзување до 130 километри на час. Дронот е едносед и може да пренесе еден патник со маса до 100 килограми во лет од 23 минути, соопштија од компанијата.

- Дронот може да им помогне на луѓето да го избегнат сообраќајниот метеж, но и за други цели. Секогаш на ум ни паѓаат случаи на итно спасување и пренесување пациенти в болница. Возилото може да се користи и за туризам - истакна Дерик Ксионг, еден од основачите на „ЕХанг“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Отишол на трансплантација, си заминал со две срца

Во операцијата која траела седум часа новиот орган бил сместен меѓу срцевата кеса и старото срце на 55-годишниот пациент.

Американско пиво со вкус на солзавец

Необичното пиво содржи бибер-спреј, главната состојка на солзавецот. Во едно шише ќе има 750 мл пиво, а во продажба ќе бидат пуштени само 200 шишиња.

Во акцијата „Атина“ запленети повеќе од 40.000 вредни предмети низ целиот свет

Покренати се 200 истраги, а уапсени се 53 лица во 81 земја.

Американка ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл за нападите во Париз во 2015 година

Во тужбата се наведува дека таа била во кафуле во Париз каде беа убиени повеќе од 12 лица и оти е емотивно повредена.

Делови од ѕидот на Варшавското гето ќе станат споменик

Нацистите во 1943 година го уништиле гетото и поголем дел од ѕидот.

НАЈЧИТАНИ