• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
МИА21:08 14 февруари 2018 ● Прочитано 4032

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе тежок пораз од 93:33 на гостувањето против Италија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2019 година.

Италијанките доминираа на теренот уште од почетокот на натпреварот, а фијаското го најави фактот дека на Македонија ѝ беа потребни осум минути да ги постигне првите поени, по серијата од 21:0 на домаќинот.

Двоцифрената бројка „црвено-жолтите“ ја минаа дури во третата четвртина во која реализираа 11 поени.

Ниту една македонска репрезентативка не стигна до двоцифрен учинок, а најефикасна беше Митрашиновиќ со девет поени, пред Кметовска, Лазареска, Тантуровска и Парис со по четири поени.

За избраничките на селекторот, Марјан Лазовски, ова е четврти пораз во евроквалификациите, по првите две средби со Италија дома и Шведска на гостински терен и дебаклот против Хрватска од 47:108 во Скопје.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Мурињо пред дуелот со Севиља: Не ми прави разлика кој е фаворит

Вечерва „црвените ѓаволи“ гостуваат на „Рамон Санчез Писхуан“, каде, според „Специјалниот“, се игра многу тешко.

Ким Џонг-ун договори трансфер на напаѓач во Јувентус

Деветнаесет годишниот напаѓач на Каљари е баран од Тотенхем и Ливерпул, но Ким Џонг-ун му препорачал да продолжи да игра во Италија.

Пандев можеби ќе се пензионира

Во јуни ќе одлучам дали ќе продолжам со мојата кариера или не, рече фудбалерот.

Барса речиси секогаш продолжува напред по 1:1 како гостин во елиминациската фаза

Челзи, исто така, може да биде задоволен бидејќи „сините“ одат во следната фаза во три од пет случаи по нерешено 1:1 во првиот дуел од елиминациите.

Вечер на рекорди во Минхен

За Баерн, тоа беше 62-ри последователен меч во кој тимот не изгуби по гол на Томас Милер.

НАЈЧИТАНИ